05:47 - 29 ноември, 2026

(Фото) Денес плива во луксуз: Еве каде живеела Карлеуша пред да заработи милиони

Популарната српска пејачка Јелена Карлеуша веќе подолго време е главна тема во медиумите, особено откако се дозна дека се разведува од сопругот Душко Тошиќ со кој има две ќерки Атина и Ника. Пејачката е позната и по својот уникатен моден стил и луксузниот живот.

Јелена живее во луксузна вила на белградско Дедиње, но нејзините почетоци биле многу поскромни.

Порано живеела со мајка си Дивна во помал стан во Нови Београд, додека за споменатата вила во која денес живее со ќерките наводно платила 2,5 милиони евра.

Ако само малку се расчеппка по медиумските архиви, лесно ќе се види дека пејачката која е денес гладна за луксуз, не така одамна се радувала и на шницла зготвена на старомодниот шпорет.

принтскрин јутјуб

 

Имено, Карлеуша во српската емисија „Музичка кутија“ своевремено ги покажа своите вештини во кујната, подготвувајќи печено пилешко, шницли и зелена салата.

Од снимката убаво се гледа амбиентот во кој живеела и кој е се, само не гламурен.

Така, гледачите имале прилика да ѕирнат и во нејзиниот тогашен стан, кој денес според големината може да се спореди само со нејзиниот сегашен гардеробер.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....