14:47 - 9 ноември, 2026

(Фото) Деми Мур ја покажа совршената фигура во бикини: Ужива на јахта во Грција

Поранешната сопруга на Брус Вилис не престанува да ги воодушевува обожавателите со својот изглед.

60-годишната американска актерка Деми Мур ја покажа својата фигура во стилски костим за капење. Сега Мур ужива на крстарење по грчките острови, пишува Дејли Мејл.

Славната личност е забележана на јахта на Медитеранот. „Новопечената“ баба ја покажа својата затегната фигура во зелени бикини со нагласено деколте. На една од фотографиите Деми ја собра својата долга темна коса во пунџа и го комплетираше изгледот со очила за сонце. Убавата глумица позира без шминка и докажува дека не ѝ треба фотошоп.

твитер, принтскрин

Поранешната сопруга на Брус Вилис поминува време со своите пријатели Андреас и Атанасија Стегос на нивната луксузна јахта. Мур е кума на најмладата ќерка на парот, Аријадна Зое. Нивното друштво било видено и на ручек со Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез. Вечерата се случила на суперјахтата на милијардерот Кору.

За време на одморот во Европа, Деми поминува малку време на социјалните мрежи. Ѕвездата пред неколку дена на својот Инстаграм профил објави фотографија со својот миленик Пилаф и напиша: „Рај. Излезете на сонце, играјте во водата, дремнете со крзнените пријатели и прочитајте добра книга“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

 

Слични објави

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....