23.8 C
Скопје
14:15 - 29 септември, 2026

Поради бруталното убиство на Низама Хеќимовиќ во Градачац: Протести низ БиХ

Протести досега се најавени во Мостар, Сараево и Зеница.

За поддршка на сите жртви на насилство денеска низ Босна и Херцеговина ќе се одржи мирен собир и протестна прошетка.

Мирен протест со почеток во 18 часот на плоштадот Алија Изетбеговиќ во Зеница се организира по повод неодамнешното повеќекратно убиство во Градачац каде Нермин Сулејмановиќ уби три лица, по што рани исто толку и на крајот се самоуби.

Време е да се каже: „Стоп за насилството и стоп за фемицидот во оваа земја“, се наведува во најавата за мирен собир на социјалните мрежи, што го организира Емина Бабиќ, советничка во Градскиот совет на градот Зеница, пренесуваат босанските медиуми.

Протести и во Мостар и Сараево

Иницијативата на граѓаните на Мостар организира мирна протестна средба на граѓаните на Мостар денеска во 18 часот на шпанскиот плоштад во Мостар.

Како што наведуваат во соопштението, со овие мирни протести се обидуваат да го свртат вниманието на јавноста кон проблемот со фемицидот, насилството врз жените, но сакаат да ги изнесат и барањата упатени до сите носители на власт.

„Бараме доследна примена на Законот и во случаите кога ќе настапи смрт како последица на семејно насилство, на сторителот да му се суди според одредбите од Законот, со што ќе се утврди построга казна“, бараат граѓаните.

Во исто време, мирен протест се организира и во Сараево. А самата градоначалничка на Сараево ги повика граѓаните да се придружат на протестот.

 

Слични објави

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо
Се вчитува....