15:23 - 9 ноември, 2026

(Фото) Џорџина Родригез ги покажа децата на Роналдо: „Бебето Бела веќе шета со браќата и сестрите“

29-годишната шпанска моделка Џорџина Родригез ги покажа децата на Кристијано Роналдо. Џорџина на социјалните мрежи сподели семејни фотографии, а тие имаат можност да ги видат нејзините 50,5 милиони следбеници.

„Дома“, кратко ги потпиша фотографиите.

На сликите се гледаат сите наследници на португалскиот фудбалер и манекенката која ја запозна во продавницата на Гучи.

Ѕвездената двојка ги одгледува близнаците Ева и Матео од сурогат мајка, заедничките ќерки Алана и едногодишната Бела Есмералда и првородениот син на спортистот, Роналдо Џуниор.

Џорџина и Роналдо се заедно од 2016 година, но се уште не се одлучиле за венчавка, иако Џорџина ја користи секоја прилика да се „пожали“ дека „многу би сакала да се омажи за него“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Џорџина со децата посети забавен парк во Саудиска Арабија, каде што сега живеат. Таа покажа и како наследниците на Кристијано навиваат за тато за време на негов натпревар.

„Бебето Бела веќе шета со браќата и сестрите“, „Честитки!!! И изгледаш одлично, Џорџина!!!“, „Колку си убава“, пишуваат во коментар следбениците на партнерката на португалскиот фудбалер. .

 

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....