13:08 - 29 ноември, 2026

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Со години се шпекулираше во каква состојба се наоѓа луксузната вила на Цеца Ражнатовиќ на Кипар, а пејачката сега конечно покажа дека имотот е далеку од напуштен.

Цеца пред неколку дена отпатувала на Кипар во друштво на синот Вељко и снаата Богдана, а од престојот сподели и неколку фотографии и снимки.

Таа го покажа дел од дворот и базенот, кој навечер изгледа особено импресивно. Тиркизната вода, белата камена ограда и високите палми создаваат вистинска егзотична атмосфера.

Со овие фотографии пејачката стави крај на приказните дека вилата е запуштена или напуштена.

Луксузниот имот на Кипар се протега на околу 600 квадратни метри, а Цеца го купила во 2006 година – и тоа на кредит.

Во дворот се наоѓа и капела украсена со фрески, која била осветена од свештеници на Српската православна црква. Имотот располага и со голем базен, а уредувањето е направено според вкусот на семејството.

Цеца своевремено открила дека веднаш знаела дека токму оваа куќа е она што го бара.

„Сакав нешто егзотично, убаво и да биде на самото крајбрежје. Мојот пријател ми донесе фотографии од оваа моја вила и знаев дека тоа е тоа. Веднаш подигнав кредит“, раскажала пејачката во емисијата „Амиџи шоу“.

Таа тогаш нагласила дека кредитот за вилата редовно го отплаќала.

По неколку години повторно во својот кипарски дом, Цеца сега покажа дел од имотот и атмосферата во која ужива далеку од секојдневните обврски.

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova
Се вчитува....