07:52 - 9 ноември, 2026

(Фото) Каролина ќе биде наследничка на Маја Оџаклиевска: познатиот битолски музичар сподели важна приказна

Познатиот музичар Сефедин Бајрамов се потсети на почетоците на кариерата на Каролина Гочева и на нејзиниот дебитантски настап на фестивалот „Си-До“.

Повод за неговата емотивна објава беше неодамнешната средба на Каролина и Маја Оџаклиевска, кои на 1 септември беа дел од големиот концерт на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Бајрамов откри дека бил член на жирито кога Каролина дебитирала на детскиот фестивал „Си-До“ и дека уште тогаш во младата пејачка препознал голем талент и ја споредил со Оџаклиевска.

„Не можам, а да не ја споделам мојата радост, задоволство и ‘пророштво’. На фестивалот ‘Си-До’, кога дебитираше Каролина, бев член на жирито. Откако отпеа Каролина, нормално, ѝ дадов максимум бодови, а мојот коментар беше: ‘Родена е наследничката на Маја Оџаклиевска’. И бев во право!!! Ви посакувам уште многу успеси во животот и кариерата“, напиша Бајрамов.

Маја Оџаклиевска и Каролина повторно се најдоа на иста сцена на 1 септември, на концертот на славниот шпански тенор Јосе Карерас и македонските ѕвезди на плоштадот „Македонија“ по повод 35 години независност на Македонија. На концертот настапија Хозе Карерас и Македонската филхармонија, како и повеќе познати македонски музички имиња, меѓу кои Влатко Стефановски, Калиопи, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Ана и Игор Дурловски и Миле Кузмановски.

Оџаклиевска таа вечер меѓудругите ја отпеа „Македонско девојче“, додека Каролина настапи со „Ако згрешам нека изгорам“. Концертот се одржа пред преполниот плоштад, а оркестарот на Филхармонија го предводеше диригентот Сашо Татарчевски, со оркестрации на Николче Мицевски.

Средбата на двете пејачки добива дополнителна симболика токму поради споменот што го сподели Бајрамов, дека уште на самиот почеток на кариерата на Каролина ја видел како наследничка на легендарната Маја Оџаклиевска.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....