23:45 - 4 ноември, 2026

(Фото) Брус Вилис позира со внучето: Румер Вилис објави досега невидени фотографии

Брус Вилис сега е дедо како што ни покажа неговата ќерка Румер Вилис на нејзината објава на Инстаграм каде што можеме да го видиме поранешниот акционен херој како ја држи својата внука.

Објавата на Румер се рашири како шумски пожар бидејќи многумина беа трогнати од нежноста на Брус.

Румер Вилис му честиташе на својот татко во неделата за Денот на таткото на Инстаграм.

Холивудскиот актер позира со преслаткото внуче во рацете покрај базенот.

Понатаму, Румер ги потсети фановите на актерот и на некои постари денови, постирајќи фотографии од татко си.

Ќерката на акциониот херој додаде трогателна порака на  Инстаграм „Да го видам татко ми како ја држи ќерка ми денес е нешто што ќе го чувам до крајот на мојот живот. Неговата сладост и љубов кон неа беа толку чисти и убави. Тато имам многу среќа да те имам тебе, а истото важи и за Лу. Ти благодарам што си најсаканиот и најкул татко што една девојка може да посака“.

Румер Вилис е најстарата ќерка од бракот на Брус со колешката актерка Деми Мур, заедно ги имаат и ќерките Скаут која има 31 година и Талула која има 29 години.

 

Слични објави

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....