18:48 - 8 ноември, 2026

(Фото) Британската ковачница ги претстави првите монети со ликот на Чарлс III

Кралската ковачница ги претстави првите монети на кои е прикажан новиот крал Чарлс III.

„Ние коваме монети за британската монархија повеќе од 1.100 години … За нас е голема чест да ја коваме првата слика на неговото височество кралот Чарлс III во Велика Британија“, се вели во соопштението на ковачницата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Mint (@royalmintuk)

Се прецизира дека релјефот на портретот на кралот Чарлс III го направил британскиот скулптор Мартин Џенингс, а самиот крал го одобрил делото.

Во согласност со традицијата од 17 век и нумизматичките правила, Чарлс III е претставен „налево“ на монетата, за разлика од неговата мајка, Елизабета II која била претставена на двете страни.

„Кралот Чарлс III, по милоста Божја, бранител на верата“, гласи натписот на монетата.

Кралот на Велика Британија е и поглавар на Националната англиканска црква.

 

Слични објави

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо
Се вчитува....