15.8 C
Скопје
19:53 - 19 октомври, 2026

(Фото) Бившите на Северина Игор Којиќ и Милан Поповиќ на муабет на заедничка маса: Снимени како се дружат во загрепски ресторан

Северина деновиве објавува видеа и слики од Малдивите каде го прослави роденденот на синот Александар, а нејзините поранешни партнери Игор Којиќ и Милан Поповиќ се сретнаа на вечера во ресторан во Загреб.

Читател на хрватски Индекс ги снимал Игор Којиќ и Милан Поповиќ во познат ресторан во Загреб. Завчера таму вечерале и разговарале заедно, а според читателот потоа им се придружила и една црномуреста жена.

Да потсетиме, Којиќ и Поповиќ се помирија минатото лето и оттогаш интензивно се дружат.

– Состанокот со Милан се случи многу спонтано. Неколку дена откако го запознав Александар, седев со моето друштво во ресторан, кога во еден момент се појави Александар со браќата и татко му. Единствената слободна маса во тој ресторан беше зад нас, поточно зад мојот грб. Има една поговорка која вели: „Луѓето често планираат, но Бог се смее“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Kojić (@igorkojic)

Александар и мојата братучетка Катја, која многу ја сака, си разменуваа свои шеги, на кои сите спонтано се надоврзавме. Набргу потоа ниту Милан, ниту јас не останавме рамнодушни на целата ситуација, па се преселивме на друга маса во соседната кафеана. Во животот среќаваме главно три типа на луѓе: оние кои судат, оние кои мерат и оние кои простуваат.

Тој ден си подадевме рака и во центарот на нашето битие го ставивме само она што е најважно во целата приказна, а тоа е Александар. Простувањето не го менува минатото, но ја олеснува душата и ја збогатува иднината. Простувањето и покајанието се клучот на животот – изјави Којиќ во своето интервју за Индекс.

 

Слични објави

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо
Се вчитува....