14:01 - 29 јануари, 2026

(Фото) Без храна издржала долго време: Еве каква приказна раскажа Миа Костова и како изгледа сега

Миа Костова, некогашната водителка, а сега инфлуенсерка е позната како отворена и храбра личност, жена без „влакна на јазикот“. Миа е мајка на Андрија, кој е веќе тинејџер и често објавува слики од својата гордост.

Таа имала само 14 години кога Мартин Трпчевски ја нашол на плажа на Градиште, по што и таа стана дел од тимот на емисијата „99 акција“. „И до ден- денес сум Миа 99 по телефони, често ми се случува“, рече Миа во една прилика.

„Кога некој ќе ме праша: „Што треба да имаш за да имаш инфлуенс на луѓето?“, јас велам: „Чиста искреност“. Треба да имаш многу време да им се посветиш на сите тие следбеници што имаат прашања и потпрашања за секаков тип производ, процедура или што било. Јас сум тип човек што не знае да излаже, дури и кога сум за тоа платена.

Кога тестирам производ, сакам да го користам производот што го препорачувам, сакам да имам искуство со место кај што сум била поканета, да патувам, го кажувам онака како што е, и мислам дека тоа е една од работите што ме врзува за моите следбеници“, рече Миа во една прилика за Слободен печат.

Миа претходно има кажано дека се придржува кон „фастинг“ диетата, а сега на стори на Инстаграм објави дека ослабела три килограми и воопшто не јадела два дена. „Преживеана, со минус 3 килограми за 48 часа. Ако ви треба вака брза диета, елате да ве гушнам“, напиша инфлуенсерката која изгледа одлично во бикини.

Фото/ Инстаграм

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ во хотелска соба со мистериозен маж: Објава што ги запали социјалните мрежи!

Еспресо

(Фото) Тродневна потера по Наташа Беквалац: Што прави пејачката кога мисли дека никој не ја снима?

Еспресо

(Фото) Дали ги препознавате? Исплива фотографија од „Ѕвездите на Гранд“, стара речиси 20 години

Еспресо

Познатите се собраа на големата прослава кај Огњен Амиџиќ: Наздравуваат од срце за малата Лола

Еспресо

„За првпат сум целосно трезен“: Дарко Лазиќ го промени својот живот од корен

Еспресо

Скандал во Монако: Мелина Џиновиќ направила хаос во луксузен бутик поради чанта

Еспресо
Се вчитува....