6.8 C
Скопје
02:02 - 28 април, 2024

(Фото) „Бајден не сака да ја признае својата внука“: Републиканците го обвинуваат за лицемерен дедо

Обидувајќи се да го претсават Бајден како лицемерен дедо, републиканците ги доведуваат во прашање неговите семејни вредности и му порачаа дека треба да ја признае сопствената внука.

Како што се приближуваат претседателските избори во САД, така кампањите на републиканскиот табор чиј фокус е дискредитација на Џо Бајден стануваат се поинтересни. Страниците на американските весници сè повеќе се полнат со гневните испади на американскиот претседател. Така, јавноста можеше да прочита дека „заспаниот Џо“ всушност умешно го крие својот жесток темперамент, додека приватно ги напаѓа своите соработници дотолку што тие се плашат да одат на состанок со претседателот. После сензационалното откивање на „тешкиот“ карактер на Бајден, се отвора уште една приказна која се однесува на непризнатата внука на претседателот. Обидувајќи се да го претстават Бајден како лицемерен дедо, републиканците ги доведуваат во прашање неговите семејни вредности и му порачуваат дека треба да ја признае сопствената внука.

Џо Бајден често нагласува дека има шест внуци со кои разговара секојдневно. Меѓутоа, американскиот претседател всушност е дедо на седум внуци. Внуката која не ја признава е четригодипната Нави Џоан Робертс, ќерка на неговиот син Хантер која ја добил во врска со поранешната стриптизета Лунден Робертс. Хантер, проблематичниот син на Бајден, во мемоарите напишал дека не се сеќава на љубовната афера зашто во тоа време имал проблеми со алкохолот и дрогата. Татковството е потврдено на суд, минатата година, и Хантер оттогаш плаќа алиментација од 20 илјади долари месечно. Сепак, во јавноста никој од семејството на претседателот не ја спомнува Нави.

Новата анкета спроведена од „Месенџер/Харис“ покажува дека 55 отсто од американските гласачи се изјасниле дека претседателот треба да ја признае внуката, а 45 отсто рекле дека тоа е приватна семејна работа. Но, политичките аналитичари сметаат дека Бајден е веројатно подготвен да рискира на штета на политиката, само за да остане на страна на синот Хантер.

„Очигледно дека Хантер не сака да ја смета за свое дете и не сака да се грижи за неа, па изгледа дека претседателот постапува во согласност со тоа, односно ги одразува желбите на синот“, вели аналитичарот Бен Шрегингер за британски „Тајм“. Инаку, таткото на поранешната стриптизета е познат производител на оружје кој често оди на лов со поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Нивната блискост се гледа и во тоа што токму адвокатот на Трамп ја застапуваше стриптизетата на суд за да докаже дека Хантер е татко на Нави.

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ собори личен рекорд! Пејачот откри колку километри поминал денеска на пат за Грција, бројката е фасцинантна

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо
Се вчитува....