7.8 C
Скопје
23:56 - 31 март, 2026

ФАТЕНИ ВО АКЦИЈА: Пар во Чешка ја прославиле повторната средба со секс на врв од катедрала

За страсната љубов не постои време, а богами ниту место. За тоа сведочи оваа неверојатна случка која се случила неодамна кога еден маж и жена се препуштиле на лудата страст на катедралата Свети Бареломеј во П’лзењ.

Млад пар во Чешка се предал на „гревот“ на страста – ни повеќе ни помалку туку на самата црковна кула. Мажот и жената биле забележани од зашеметен посетител кој снимил се со својот телефон, изјави во вторникот портпарол на полицијата во П’лзењ на западниот дел од Чешка.

Полицијата потоа ги фатила страсните престапници на лице место и побарала објаснување. 37-годишнит маж и шест години помладата жена изјавиле дека не се виделе долго време и дека сакале да ја прослават повторната средба.

Сепак, тие морале веднаш да платат казна за непристојно однесување во јавност. Инцидентот се случил во саботата нешто пред пладне.

Со висина од речиси 103 метри, ова е највисоката црковна кула во Чешка. А платформата се наоѓа на висина од 62 метри.

Пиварскиот и индустриски град П’лзењ, со нешто помалку од 180.000 жители, се наоѓа на околу 90 километри западно од Прага.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....