17.8 C
Скопје
02:30 - 19 мај, 2024

(ВИДЕО) НА МАТУРА СО 300 МОТОРЏИИ: 16-годишна девојка ги засени нејзините силеџии

Девојка со попреченост била испратена на матурска прослава од речиси 300 моторџии со цел да им покаже на насилниците од училиштето дека „веќе не можат да ја повредат“, пренесува „Metro“.

16-годишната Фелисити Варбортон се чувствувала безвредно на училиште до тој степен што размислувала да си го одземе животот. Но, собрала сила и го надминала сето тоа, па во понеделникот, кога пристигнала на матурската прослава била придружувана од речиси 300 моторџии.

Нејзината мајка Катрин организирала сè! Побарала од членовите на еден мото клуб да ѝ помогнат на Фелисити, која има дислексија и Аспергеров синдром, да оди на свечениот настан во училиштето. Кетрин се надевала дека ќе прифатат барем неколку моторџии и таа била шокирана кога се појавиле во толкав број.

„Фелисити со нетрпение ја чекаше матурата, бидејќи сметаше дека е момент да им покаже на насилниците на училиште дека повеќе не можат да ја повредат. Ја малтретираа до тој степен што таа размислуваше да изврши самоубиство минатата година, па јас навистина сакав нејзината матура да биде посебна“, вели мајката на Фелисити, Кетрин.

Таткото на Фелисити, Рич Морис вели дека не можел ниту да ја види Фелисити меѓу сите моторџии.

„Беше прекрасно. Се надевавме дека можеби ќе дојдат десетина моторџии, но се појавија стотици. Бевме воодушевени. Фелисити уживаше во секој момент и беше неверојатно да се види поддршката од сите моторџии. Фелисити се соочи со многу предизвици, а насилниците мислеа дека е во ред да ја малтретираат. Беше вознемирена секој ден и тоа ја скрши, но имавме чувство дека после тој понеделник ќе ја видиме нашата драга, весела Фелисити како ужива. Да се ​​каже дека сум горд на неа не е ни блиску до тоа како се чувствувам. Таа е одлична девојка и не заслужи ништо од она што ѝ се случи. Фантастично е да се види толку среќна“, изјави Морис.

Таткото додаде дека кога седнала во трициклот, како времето да застанало и само помислил дека им се вратила нивната ќерка.

„Кога некој одново ве згази, не гледате ништо добро во себе. Беше неодоливо да се види таа насмевка на нејзиното лице“, додаде нејзиниот татко.

Рич, исто така, вели дека училиштето на Фелисити направило што можело кога е во прашање константното вознемирување, но дека не успеале целосно да го запрат.

Еден од моторџиите, Дон Томас, рекол дека неговиот клуб и некои други групи моторџии за Фелисити организирале настан кој ќе го памети цел живот.

Слични објави

Јелена Карлеуша ја шокираше јавноста со изјава за злоупотребата на нејзиното куче: „Тоа беше сурова игра“

Еспресо

(Фото) Прво огласување на Марко по излегувањето од притвор! Јавно ѝ се обрати на Луна: Да дочекаме барем…

Еспресо

(Фото) „Мојата единствена девојка!“: Тони Бијелиќ во доцните часови објави фотографија и покажа детаљ од приватниот живот

Еспресо

Никола Роквиќ во кавга со Жељко Самарџиќ: „Бедно, како не ви е срам?“

еспресо

(Фото) Пристигна бебето! Поранешниот на Емина Јаховиќ објави преслатка фотографија од приновата во семејството

Еспресо

Ќе ги покрие љубовен бран: Три хороскопските знаци со најголема среќа во љубовта ова лето

еспресо
Се вчитува....