6.8 C
Скопје
04:56 - 19 октомври, 2026

EXIT го претставува Winter Flower за Празникот на мимозите: Клептон и Констракта ја предводат најголемата забава под маски на Јадранот! 

„Winter Flower“, големиот еднодневен музички настан како дел од 54-от по ред Празник на мимозите во Херцег Нови, во сабота, 25 февруари 2023 ќе го прослави крајот на зимата и доаѓањето на пролетта. Оваа единствена забава, во организација на „Егзит“ фестивалот и Туристичката организација Херцег Нови ја предводи еден од најпопуларните уметници на светската хаус сцена, третопласираниот на „Диџеј Маг“ листата 100 најдобри изведувачи, маскираниот велемајстор КЛЕПТОН (Claptone) со својот премиерен настап во Црна Гора! Покрај него главна ѕвезда ќе биде и регионалната жена на годината, фантастичната КОНСТРАКТА, заедно со групата „Земља Грува“. Локална поддршка ќе биде шармантната и енергична „Кејт“ со претставниците на црногорската електронска сцена „Пи-Ес“ и „БоџиЕ“ (BodziE).

„Егзит“ го именува настанот „Winter Flower“ или „Зимски цвет“ токму во чест на мимозата, уникатното цвеќе што расцутува во зима. Овој природен бунтовник со тоа ги надминува законите и правилата на единствен начин. Поимите зима и цвеќе скоро во сите други случаи меѓусебно се исклучуваат, бидејќи појавувањето на цвеќето всушност го означува крајот на зимата и доаѓањето на пролетта. Токму во таа симболика и се прославува Празникот на мимозите, со голем собир под маски, настан со децениска традиција и гости од целиот регион и Европа.

Влезот на големата „Winter Flower“ забава ќе биде слободен за сите посетители.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....