16:41 - 10 ноември, 2026

(Фото) Ова беше нејзина година: Младата Марија Спасовска објави уште една нова песна – „Венера“

Пред само два дена новата надеж на македонската музичка сцена, младата Марија Спасовска ја промовираше најновата песна со наслов „Венера“.

Таа пред помалку од три месеци дебитираше на фестивалот „Макфест“, каде успеа да ги освои уште една симпатиите на домашната јавност. Таму настапи со песната „Осамен“, која од тогаш, па досега се емитува на скоро сите радио-станици.

Инаку, како и на претходните, така и на најновата „Венера“, Марија се потпишува како автор на песната, додека аранжманот е на познатиот Иван Јованов – Ивајо.

Исто така Спасовска не ја промени и екипата со која го работеше претходниот спот, па и ова видео го изработија момците од „Urban Records“.

„Презадоволна сум од сработеното. Одамна ја имав компинрано оваа песна и го чекав вистинскиот момент. Соработував со продуцентот Ивајо, кој навистина се потруди и ги даде сите потребни украси за финалниот продукт да звучи вака. Планот за следната година ми е да бидам уште повеќе активна, а тоа значи повеќе песни, повеќе видеоспотови..“ – изјави накусо младата Марија.

Да не должиме многу, ве оставаме да ја слушнете и да го видите спотот за „Венера“.

Уживајте:

 

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....