20:15 - 8 ноември, 2026

Енрике Иглесијас се откажа од наследството на татко му: Можеше да наследи 100 милиони евра

Пејачот Енрике Иглесијас се откажува од наследството на богатството на неговиот татко, пишуваат шпанските медиуми. Популарниот пејач е син на еден од напознатите шпански пејачи Хулио Иглесијас, но тие се во многу лоши односи.

-Нивната врска никогаш не беше многу добра, со години не се слушнале, не зборуваат дури ни по телефон. Енрике чувствува дека кариерата ја изградил без да му помогне татко му, пишува „El Nacional“.

Затоа, Енрике одлучил да го одбие наследството на кое има право како едно од осумте деца на Хулио.  Богатството на шармантниот пејач се проценува на 100 милиони евра, а на неговата сопруга, поранешната тенисерка Ана Курњикова, на 60 милиони.

Сепак, Хулио има богатство во вредност од околу 800 милиони евра, па на Енрике би му припаднале дури 100 милиони, сума која воопшто не е занемарлива. Хулио Иглесијас своето богатство делумно го заработи преку многу успешната пејачка кариера, но и со инвестирање во недвижнини во Доминиканска Република.

Тој е сопственик на вили во Мајами и на Бахами, има приватен авион вреден 45 милиони евра, бренд вотка, винарска визба, ресторани, колекција на автомобили, акции во козметички компании и уште многу профитабилни бизниси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ‼ FAN CLUB‼ (@enriques4ever)

Слични објави

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо
Се вчитува....