26.1 C
Скопје
12:47 - 5 јуни, 2026

Емотивна приказна на Марјана Станојковска од која навираат солзи, ваква не ја знаеме

Марјана Станојковска ја знаеме како една од најзгодните наши водителки, а таа е талентирана и за пеење и за танц. Но, малку ја знаеме онааа другата, домаќинска страна на Маријана која е и успешен модел.
Таа се присети на еден убав спомен на кој се покажува токму од таа друга страна, а емотивната приказна оди вака:
„Предмалку го прелистував стариот тефтер со рецепти од баба ми и така читајќи ги нејзините торти и колачи се потсетив на неа и на тоа како со љубов ми ги подготвуваше моите омилени слатки.
„Манче што сакаш баба да ти направи? Сакаш палачинки, Васина (торта) , крофни или сакаш да направиме бомбици? “ Тоа беше мојата баба Мира.
Со мојата друга баба, Марика,  веднаш ме врзуваат спомени како заедно ги полевавме ружите од дворот, јадевме од грозјето на дедо ми и секогаш ќе го памтам вкусот на највкусните домашни јуфки кои таа ги подготвуваше.
За жал двете мои баби повеќе не се меѓу нас, но секогаш ми е мило и ми доаѓа убаво на душата кога ќе се сетам на нив.  Тоа се моите ангели чувари.
Денес решив да ја посетам тетка Данче, инаку мајка на Ане, најдобрата другарка на мајка ми. Тетка Данче ја има пораснато и мајка ми и се уште таа и Ане знаат да поседат во нејзината девојчинска соба( која патем тетка Данче ја чува непроменета ) и да си евоцираат спомени од детсвото и младоста.
Решив да ѝ го подготвам оној класичен старински колач со џем од сливи и да и да ја посетам , за да барем на кратко го осетиме духот на старите добри времиња.
Драго ми е што измамив насмевка на нејзиното лице и и го разубавив денот . Понекогаш дури и најмалите дела можат да го направат тоа.
Отворете го вашето срце и душа и почувствувајте ја добрината која природно ја поседувате. Ве повикувам сите заедно да се вклучиме на бранот добри дела и да почнеме да споделуваме добрина“, е споменот кој го сподели Маријана на Фејсбук од пред 5 години.
Фото/ Фејсбук
А во еден коментар, нејзината пријателка Искра ѝ напишала:

„Мајко, да ви спржим компирчѝња?” (со акцентот на второто и) Баба Мира.  Незаборавно искуство ми се тие кратки посети кои ги правевме на голем одмор и после школо, ме стопи со постов“.
Фото/ Фејсбук принстскрин 

Слични објави

Ние сами, вие сите: Необична приказна на Антониа, Благица Павловска и Џокер

msp-admin

(Видео) Не ми наредувај: Цеца раскажа ретка приказна за Аркан и за мајка ѝ

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири ужива во Египет — во бикини ги покажа затегнатата фигура и стомачните мускули

Еспресо

Пријател на Халид Бешлиќ со трогателна приказна за сопругата Сејда

Еспресо

Адријана Алачки полни 59 години, ова е нејзината приказна

Еспресо

Хороскоп за 5 јуни: Биковите ќе бидат нервозни, Девиците ќе имаат потешкотии на работното место

Еспресо
Се вчитува....