22:11 - 27 ноември, 2026

Еден од најпознатите јутјубери во светот призна дека има рак: „Сакаа да отстранат бенка“, а дијагностицирале меланом

Во својата објава „Нинџа“ истакна дека за меланомот дознал при неговиот годишен дерматолошки преглед.

Еден од најпознатите стримери на планетата, Тајлер „Нинџа“ Блевинс со своите следбеници на платформата Икс ја сподели веста дека му е дијагностициран меланом, вид рак на кожата. 32-годишниот гејмер, кој има 19 милиони следбеници на Твич, откри дека меланомот бил откриен откако му била извадена бенка од ногата.

„Нинџа“, чие име стана синоним за Твич од неговото враќање на платформата во 2020 година, ги охрабри своите следбеници редовно да одат на лекар. Со популарноста што ја ужива во видео играта Fortnite, каде играчите можат дури и да личат на него со купување скинови, Блевинс се најде и во центарот на вниманието на телевизија кога гостуваше во емисијата „The Masked Singer US“.

Во својот пост, Нинџа истакна дека за меланомот дознал при годишен дерматолошки преглед.

„Сакаа да отстранат една бенка од долниот дел на моето стапало“, рече тој, додавајќи дека лекарите се оптимисти бидејќи ракот е откриен во рана фаза.

Меланомот е форма на рак на кожата кој може да се прошири на други делови од телото и обично е предизвикан од ултравиолетово зрачење. Се препорачува претпазливост на сонце, употреба и редовно нанесување крема за сончање, а во ризичната група спаѓаат лица со светла кожа, со голем број бенки и семејна историја на рак на кожа. Главниот третман е хируршка интервенција, но во случаи кога ракот се проширил може да се користи и хемотерапија.

Слични објави

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо
Се вчитува....