29.8 C
Скопје
14:10 - 20 септември, 2026

Британците бараат виновник: Кој шири лаги за Кејт Мидлтон?

Прашањето што навистина се случува со Кејт Мидлтон, англиската и светската јавност се повеќе го бараат не само од кралското семејство, туку и од телевизијата што ја сними принцезата која призна дека боледува од рак.

Исчезнувањето на Кејт од јавноста, а сега болеста на принцезата од Велс се уште е тема број еден во светските медиуми. За него се надоврзуваат бројни теории на заговор, од кои последната е поврзана со видеото во кое Кејт Мидлтон објави дека има рак и вмешаноста на вештачката интелигенција во создавањето на тоа видео.

Кенсингтонската палата соопшти дека снимката од војвотката од Корнвол и Кембриџ ја продуцирала телевизијата Би-Би-Си, а многумина забележале „чуден избор на локација, гардероба, сенка, прстен што се појавува, а потоа исчезнува“.

Вчера официјалниот претставник на Јунити њуз нет, влијателна заедница на социјалната мрежа Икс, побара одговор на сите овие дилеми од генералниот директор на оваа телевизиска куќа, Тим Дејв.

„Со оглед на тоа што веќе објавивте дека експериментирате со употребата на вештачка интелигенција во креирањето содржина, се прашуваме дали имало каква било употреба на вештачка интелигенција во видеото на Кејт Мидлтон? Дали се генерирани некои видео или аудио записи од компјутер? Под аудио мислиме на зборовите изговорени од Кејт? Каде точно е снимено ова? Изгледа како градина, но дали е снимено во студио? Дали сте користеле ефекти на „зелен екран“ или друга слична технологија? Дали имало употреба на софтвер за дигитално уредување по снимањето? Сигурни сме дека сте свесни дека има многу шпекулации за снимката и дека треба итно да одговорите на овие прашања“, се наведува меѓу другото во писмото испратено до првиот човек на Би-Би-Си од претставникот на групата ЈНН, Дејвид Кливс.

Одговорот се уште не е пристигнат.

Слични објави

Дали мирот навистина е мир ако сме го платиле со сопственото незадоволство? Сонцето влегува во Вага и ги преиспитува нашите односи

Т.Ц.

„Обемот на половината ми е 62 сантиметри“: Јелена Розга откри како го одржува младешкиот изглед на прагот на шестата деценија

Т.Ц.

(Фото) Ана Ивановиќ во друштво на хрватски пејач – позираа насмеани на вечера

Еспресо

Милица Тодоровиќ за борбата со депресијата: „Ако не се чувствувате добро, не е срамно да побарате помош“

Т.Ц.

(Фото) Анѓелка Прпиќ се стегна во хеланки – актерката го покажа своето фит тело

Еспресо

Ела Дворник ја доби судската битка — ќерките ќе живеат со неа во Загреб, се огласи и нејзината мајка Данијела

Е.А.
Се вчитува....