02:22 - 29 ноември, 2026

„Доаѓам од кралско семејство“: Диди Џеј откри непознати детали за своето аристократско потекло

Српската пејачка Дијана Јанковиќ, попозната како Диди Џеј, проговори за својата светска кариера и во таа прилика откри непознати детали и за нејзиното потекло.

Имено, пејачката која во последните години гради кариера преку океанот, гостуваше во една емисија каде раскажа дека подготвува проект со голема светска ѕвезда чие име сè уште не може да го открие за да не ги наруши условите на договорот, но она што уште повеќе ги изненади многумина е сознанието дека Диди потекнува од кралско семејство.

– Потекнувам од угледно семејство, татко ми потекнува од кралското семејство од Црна Гора, така што секогаш го имав вниманието и поддршката од моите родители, тие секогаш ме задоволуваа. Како што растеше мојата кариера, почнав да купувам скапи парчиња облека. Да ја немав оваа кариера, секако дека немаше да имам толку облека – изјави Дијана за „Хајп“.

Покрај своето аристократско потекло и скапите ткаенини со кои ја наполнила гардеробата, Диди зборувала и за запознавањето со холивудските ѕвезди.

– Ја запознав Меган Фокс, таа е навистина убава, но некако е арогантна. Таа ми изгледаше поинаква на камерата, различна во живо. Таа е навистина убава жена, но ја прашав дали можеме да се сликаме, не се однесувам како некој луд обожавател кога ќе запознаам светска ѕвезда, бидејќи не сум нова, и јас сум ѕвезда . Јас одлучувам со кого да се сликам, сакав да се сликам со Меган, но таа не сакаше да се слика со мене. Рече дека е таму со своето друштво и дека не сака да се сликаат – раскажала Диди.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....