8.8 C
Скопје
07:30 - 18 октомври, 2026

Дневен хороскоп за 16 август: Не се откажувајте, но внимавајте на непромислени потези

Овен

Во наредните денови ќе бидете под силно влијание на другите луѓе, особено на оние со кои сè уште ги немате расчистено работите од минатото. Љубовната ситуација ќе се подобри благодарение на партнерот, кој точно знае како да ги постави работите на свое место.

Бик

Почетокот на денот е под влијание на луѓето околу вас. Внимавајте да не направите ненадеен и непромислен чекор кога се во прашање семејството и односите со најблиските. Личност во знакот на Лав ќе ви даде фантастична поддршка за вашите идни планови.

Близнаци

Чувајте се од ненадејни пресврти во односите со соработниците или пријателите. Деновиве Меркур ви укажува на нови деловни можности за кои треба поинтензивно да размислите.

Рак

Вашата деловна ситуација е многу стабилна, но многу поважно би било да се свртите кон себе и можеби кон некои нови деловни подвизи. Емотивните односи ви се во втор план, бидејќи партнерот има потреба да одмори од сè, па и од вашата врска.

Лав

Денес треба да бидете среќни со себе и со она што моментално го имате, бидејќи веќе извесно време се запоставувате себеси и важните работи што ви се случуваат во животот. Личност во знакот на Јарец ќе ви укаже на вашите грешки и на непотребниот товар што сами си го создавате.

Девица

Пазете се од намерите на луѓето кои не ви мислат добро ова е нешто што мора да го разберете во следните десет дена. Ова особено се однесува на личност во знакот на Овен, која веќе некое време ви создава притисок и не ви дозволува деловно да напредувате.

Вага

Денес ќе бидете тврдоглави и ќе носите одлуки кои не се во согласност со реалноста во вашиот живот. Можни се проблеми со имунитетот, па водете сметка за исхраната и за тоа колку навистина одморате во текот на денот.

Скорпија

Денес препуштете им се на работите што се случуваат и обидете се да уживате во моментот. Не бидете престроги кон себе, сè што се случува е тука за да ве потсети колку е важно да си бидете сами на себе приоритет. Можни се проблеми со ’рбетот.

Стрелец

Во следните неколку денови ќе биде исклучително важно да им се посветите на работите од кои можете многу да научите. Личност во знакот на Овен ви е голема деловна инспирација и ви помага да се чувствувате многу подобро. До крајот на денот ве очекуваат големи пресврти на работа.

Јарец

Финансиската ситуација значително се подобрува, а се подобрува и односот со блиските деловни соработници. Внимавајте на здравјето, можни се проблеми со спиењето и пад на имунитетот.

Водолија

Денес ќе бидете целосно насочени кон другите луѓе и нивните емоции, бидејќи им требате како поддршка. Сепак, чувајте се од ненадејни емотивни реакции на партнерот, кој може да ве оптовари со своите деловни проблеми.

Риби

Што се однесува до вашата моментална ситуација, најдобро е да застанете на страната на пријателите и да не влегувате во конфликти со луѓе кои не ви се блиски. Љубовната ситуација е доста напрегната поради мешањето на други луѓе во вашата врска.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....