22:17 - 6 ноември, 2026

Лидија Вукиќевиќ ги откри и тајните за совршената линија и разводот

Српската актерка Лидија Вукиќевиќ моментално престојува во Турција, каде што ужива во својот одмор, а своите следбеници редовно ги чести со фотографии кои веднаш привлекуваат големо внимание.

Позната по својот младолик изглед, актерка и овојпат успеа да ја заинтригира јавноста. На последната фотографија позира во црна долна облека и краток топ, со очила за сонце и пешкир на главата. Но, еден необичен детал посебно привлече внимание — Лидија во устата држи чепкалка за заби, давајќи му на целиот призор доза на опуштен и помалку задевачки шарм.

Во прв план повторно беше нејзината фигура и тенот, со што 63-годишната актерка уште еднаш покажа дека и тоа како води сметка за својот изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

„Со години не јадам месо и слатки“

Отворајќи ја темата за нејзиниот изглед во седмата деценија од животот, Лидија ја откри тајната на нејзината исхрана:

„Со години не јадам месо и на тој начин избегнувам внес на лоши масти. Наместо тоа, обожавам риба и главно се хранам со зеленчук и овошје. Не сакам слатки и целосно ги избегнувам. Веќе долго време не конзумирам глутен. Пијам многу течности, најчесто вода и лимонада или цеден портокал. Алкохол никогаш во животот не сум пиела, бидејќи го уништува организмот и нашиот надворешен изглед“, вели таа.

Глумицата признава и дека често го прескокнува појадокот, а првиот оброк ѝ е дури околу 16 или 17 часот:

„Навикната сум да јадам малк, чим јадам повеќе, веќе не се чувствувам добро“.

За разводот од Митар Мркела и воспитанието на синовите

Лидија проговори и за нејзиниот поранешен брак со фудбалерот Митар Мркела, со кого ги има синовите Андреј и Давид.

„Кога љубовта се потроши, донесов одлука да се разведам. Не чувствував болка што семејството се распадна, бидејќи мислев дека за децата ќе беше многу полошо да растеа во лош однос. На децата никогаш не им го одземав таткото. Тие имаат одличен однос со него и денес, а тоа ме прави многу среќна. Не имате право да им ја одземете машката фигура на децата“, објаснува Лидија.

Таа додаде дека по разводот го ставила сиот фокус врз синовите, а љубовниот живот го држела подалеку од нивниот дом: „Машките деца се тешки и не сакаат да ја гледаат мајката со друг маж додека растат. Никогаш не дозволив во мојата куќа да има некој друг. Надвор од куќата, во ред, но во куќата, никогаш.“

Денес, Лидија ужива во нова животна улога, таа стана баба на малата Дарија, за која вели дека целосно ѝ го разубавила животот.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....