15:55 - 7 ноември, 2026

Луксуз до бескрај: Најдобрата пријателка на Лепа Брена објави видео од јахтата „Лејди Би“

Лепа Брена со години се дружи со нејзината најдобра пријателка Ката Р. Томовиќ, која ѝ е десна рака на пејачката. Често заедно одат на одмор и посетуваат различни дестинации и речиси се неразделни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kata R Tomovic (@kata_kety)

Ката често споделува на Инстаграм фотографии и видеа од нивните патувања, а сега сподели видео во форма на рекламен спот на кој се гледа внатрешноста на јахтата на Лепа Брњна и Боба Живојиновиќ, „Лејди Би“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kata R Tomovic (@kata_kety)

Јахтата „Лејди Би“ („Lady B“), која се простира на две палуби, е опремена како најлуксузен апартман на море. Благодарение на елегантните кабини, пространиот салон и врвно уредените надворешни простори за одмор, со својот луксуз и удобност буквално потсетува на елитен хотел на вода.

Станува збор за импресивно пловило организирано како современ станбен простор. Според описот на порталот TWW Yachts, главната палуба функционира како отворен дневен престој со трпезарија, додека горното ниво е замислено како катче за релаксација и тераса за одмор. Долниот дел од јахтата е резервиран за приватни кабини, уредени како хотелски апартмани од висока категорија.

фото/wwyachts.com/yachts-for-charter/ladyb/

Ентериерот на јахтата, според истиот извор, се темели на воздржан, но исклучително префинет луксуз. Доминираат неутрални тонови – бела, беж и топли песочни нијанси – кои ја рефлектираат природната светлина и дополнително го нагласуваат чувството на просторност. Во ентериерот се истакнуваат дрвените облоги, меките тапацирани површини и дискретните метални детали, создавајќи впечаток на елеганција без претерување.

фото/wwyachts.com/yachts-for-charter/ladyb/

Посебен акцент е ставен на поврзаноста меѓу ентериерот и екстериерот. Големите стаклени ѕидови го отвораат внатрешниот салон кон морето, бришејќи ја границата меѓу затворениот и отворениот простор. На тој начин дневниот престој буквално се продолжува кон надворешноста, претворајќи ја палубата во продолжение на животниот простор, пишува Jutarnji.hr.

фото/twwyachts.com/yachts-for-charter/ladyb/

Еден од најатрактивните делови на јахтата е горната тераса, таканаречениот сандек (sundeck-тераса за сончање), кој функционира како дневен престој на отворено. Таму се наоѓаат зони за одмор со лежалки, простор за јадење, но и џакузи, што дополнително го нагласува чувството на ексклузивност. Овој дел од пловилото е осмислен за целодневен престој – од утринско кафе до вечерно опуштање со зајдисонцето.

Славниот пар со „Лејди Би“ доплови до Опатија. Дека пристигнале со стил потврдија и од познат ресторан и хотел, кои на својот профил на Инстаграм објавија фотографии од насмеаните сопружници како позираат на опатиското шеталиште.

 

Нивното пристигнување во Опатија не е исклучиво туристичко, туку претставуваше и совршена увертира за работниот викенд.

Инаку, Брена и Боба одамна се познати по вложувањата во луксуз, а својата страст кон патувањата по море сега ја крунисаа со новата јахта. Ова раскошно дополнување на нивниот имот доаѓа кратко откако успешно ја продадоа својата вила во Мајами, уште еднаш потврдувајќи дека имаат одлично чувство за престижни инвестиции.

(Фото) Лепа Брена и Боба Живојиновиќ ја изнајмуваат луксузната јахта – цената е вистинско богатство

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.
Се вчитува....