17.8 C
Скопје
04:47 - 20 септември, 2026

(Фото) Лепа Брена и Боба Живојиновиќ ја изнајмуваат луксузната јахта – цената е вистинско богатство

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ одлучиле луксузната јахта, долга дури 30 метри, да ја претворат во профитабилен бизнис. Нивната јахта сега е достапна за изнајмување, па во луксузот во кој со години уживале ќе можат да уживаат и други, пишува „Телеграф“.

Јахтата, која според некои извори го носи името „Пертула“ се нашла на една веб-страница за изнајмување луксузни јахти, по цена од 65.000 евра за неколку месеци во сезоната.

Според пишувањата на медиумите, јахтата сега се изнајмува по цена од околу 65.000 евра во текот на сезоната, додека вон сезоната, од октомври до април, цената е нешто пониска и изнесува околу 60.000 евра.

Претходно се појавија информации дека ја продале јахтата, но, според достапните наводи, тоа не е точно.

Луксузната јахта на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ е долга околу 30 метри и, според регионалните медиуми, вреди околу шест милиони евра. Има шест спални соби, простран салон, мермерни површини и впечатливи златни детали. Посебно внимание е посветено на деталите, па на бродот има и брендирани крпи усогласени со ентериерот. Точниот модел, бродоградителот, годината на производство и техничките спецификации не се јавно потврдени.

Facebook/miroslava.pojuzina
Facebook/miroslava.pojuzina
Јахтата „Лејди Би“

Брена и Боба последните месеци повеќе време поминуваат на помалата јахта „Лејди Би“, главно пловејќи по хрватското крајбрежје. Пејачката дел од одморот го сподели и на социјалните мрежи, каде што покажа моменти од уживањето на море со синот Виктор.

Јахтата „Лејди Би“ („Lady B“), која се простира на две палуби, е опремена како најлуксузен апартман на море. Благодарение на елегантните кабини, пространиот салон и врвно уредените надворешни простори за одмор, со својот луксуз и удобност буквално потсетува на елитен хотел на вода.

Станува збор за импресивно пловило организирано како современ станбен простор. Според описот на порталот TWW Yachts, главната палуба функционира како отворен дневен престој со трпезарија, додека горното ниво е замислено како катче за релаксација и тераса за одмор. Долниот дел од јахтата е резервиран за приватни кабини, уредени како хотелски апартмани од висока категорија.

фото/wwyachts.com/yachts-for-charter/ladyb/

Ентериерот на јахтата, според истиот извор, се темели на воздржан, но исклучително префинет луксуз. Доминираат неутрални тонови – бела, беж и топли песочни нијанси – кои ја рефлектираат природната светлина и дополнително го нагласуваат чувството на просторност. Во ентериерот се истакнуваат дрвените облоги, меките тапацирани површини и дискретните метални детали, создавајќи впечаток на елеганција без претерување.

фото/wwyachts.com/yachts-for-charter/ladyb/

Посебен акцент е ставен на поврзаноста меѓу ентериерот и екстериерот. Големите стаклени ѕидови го отвораат внатрешниот салон кон морето, бришејќи ја границата меѓу затворениот и отворениот простор. На тој начин дневниот престој буквално се продолжува кон надворешноста, претворајќи ја палубата во продолжение на животниот простор, пишува Jutarnji.hr.

фото/twwyachts.com/yachts-for-charter/ladyb/

Еден од најатрактивните делови на јахтата е горната тераса, таканаречениот сандек (sundeck-тераса за сончање), кој функционира како дневен престој на отворено. Таму се наоѓаат зони за одмор со лежалки, простор за јадење, но и џакузи, што дополнително го нагласува чувството на ексклузивност. Овој дел од пловилото е осмислен за целодневен престој – од утринско кафе до вечерно опуштање со зајдисонцето.

Славниот пар со „Лејди Би“ доплови до Опатија. Дека пристигнале со стил потврдија и од познат ресторан и хотел, кои на својот профил на Инстаграм објавија фотографии од насмеаните сопружници како позираат на опатиското шеталиште.

 

Слични објави

Александра Пријовиќ вели дека го откажала концертот поради болест, а на социјалните мрежи веднаш се појавија разни теории

Ц.Т.

Тажниот крај на Маргита Стефановиќ Маги, „црната принцеза“ на ЕКВ

Т.Ц.

(Фото) Вистинска оаза и луксуз – вака изгледа вилата на Едита Арадиновиќ каде што ќе живее со својата ќерка

Еспресо

Напиша 5 збора и доби 100.000 евра – oва е песната што ѝ донесе богатство на Марина Туцаковиќ

Еспресо

Харис Џиновиќ за провокативните фотографии на Џина: „Не треба да се фотографира како старлета“

Еспресо

Луксузната вила на Николина Пишек во Загреб има нов сопственик? Позната инфлуенсерка го покажа препознатливиот ентериер

Еспресо
Се вчитува....