Во попладневните часови на 2 октомври 2017 година, срцето на пејачката Азра Колаковиќ, попозната како Дона Арес, престана да чука. Иако го напушти овој свет прерано, на само 40 години, таа направи многу, и тоа не само на музичката сцена. Нејзиниот начин на борба против тешката болест стана инспирација за сите луѓе кои минуваат низ слични ситуации.
Таа отворено зборуваше за сите искушенија низ кои поминуваше во текот на трите години лекување. За неа, зборот „невозможно“ не постоеше, таа беше онаа што го тешеше своето семејство, веруваше во подобро утре и секој нов ден. Од друга страна, таа брутално искрено зборуваше за сè што ѝ донесе дијагнозата рак.
View this post on Instagram
„Сè уште сум добро!!! Подносливо е, иако веќе чувствувам и гледам, всушност, како полека бледнеам“, напишала Дона во една пригода.
Меѓутоа, таа никогаш не се откажуваше, дури и во најтешките ситуации, беше во контакт со своите многубројни обожаватели. Пет дена пред нејзината смрт, таа објави уште една фотографија на својот Инстаграм – своја фотографија пред тешката болест, на која изгледаше најдобро што можеше и напиша „Ве сака вашата Дона Арес“.
View this post on Instagram
„Сè сама прифати, можете да замислите каква сила беше тоа. Зборуваше да има само еден ден, ќе стане и ќе направи нешто, ќе запише нешто. Се отвори во последните шест месеци пред смртта, исфрли од себе сè што ја мачеше. Ја исчисти својата душа, јас го презедов нејзиниот товар“, рече мајката на Дона, Ијка.
Никој не замислуваше таков исход, нејзината енергија до последниот момент беше неверојатна.
„Таа не плачеше, па затоа не е во ред јас да плачам пред болен човек. Денес не ги кријам солзите, ги покривам со насмевка. Кога Дона беше жива, ми велеше дека не треба да плачам пред сите. Но, никогаш нема да бидам добро, тоа е половина тага, половина нормален живот.“
Зборовите што нејзината ќерка ѝ ги упатила пред смртта сега се нејзина главна ѕвезда водилка.
„Морав да побарам помош од психијатар, кој е и мој голем пријател. Кога ќе помине периодот на тешка тага од 2, 3 години, тој ми рече дека морам да живеам со убави спомени. Понекогаш нормално поминувам покрај спомените, а понекогаш ме сечат како меч. Но, таа никогаш не би сакала да одам изгубена и тоа е мојата ѕвезда водилка, како таа се бореше“, рекла Ајка и додала:
„Кога сфати дека нејзиниот крај доаѓа и дека не може да продолжи понатаму, ни одржа лекција и порача: ‘Мора да бидете силни до последен момент, борете се секој ден од почеток’. Секако, ние се трудиме да ја исполниме нејзината желба.
Последните шест месеци Дона Ареси ги поминала со својата мајка, по цели денови биле заедно. Таа истакнала дека имала и многу посети, пријателите и колегите постојано доаѓале кај неа. Но, по загубата на ќерката, улиците на родниот град почнале да ја гушат Ајка.
„Морав да се преселам, инаку немаше да издржам. Промената на околината ме спаси. Отидов во Швајцарија и таму поминав две и пол години. Нови луѓе, прошетки, паркови, шуми, мир, тишина, посета на многу градови… Но тоа е само дел од таканаречената терапија, бидејќи изгледаш нормално, но си „поделена“ личност, изгледаш нормално, а не си нормална“, искрена рекла мајката на пејачката.
Нејзина најголема утеха е што имала толку посебна ќерка, на која целото семејство е гордо и се надева дека нејзините песни ќе ја сочуваат од заборав, како и дека нејзината борба ќе биде мотивација за сите луѓе никогаш да не се откажуваат.
Кога Џенан Лончаревиќ почнал да ја пее песната на Дона „То ми није требало“ во белградските клубови и сплавови, настанал целосен хаос! Сите се прашувале чија е песната додека ги пееле познатите стихови.
View this post on Instagram
„Не е нормално она што се случи во Белград во 2005 година, сè започна со Џенан Лончаревиќ. Дона ја наследи музикалноста од мене, јас сум професорка по пијано и пеам. Нејзината музика беше нејзин живот, а сега е моја утеха“, заклучила Ајка.
Во текот на борбата со ракот, Дона Арес најголема поддршка имаше од српската пејачка Јелена Карлеуша.
View this post on Instagram
