20:55 - 7 ноември, 2026

„Не го поддржувам тоа што го прави Јелена“: Дијана Ѓоковиќ искрено за судирот со снаата и специфичниот начин на живот

Дијана Ѓоковиќ, мајката на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, во една од своите ретки искрени исповеди отворено прозборе за односот и несогласувањата со снаата Јелена Ѓоковиќ. Иако Новак и Јелена со години практикуваат строго дефиниран начин на живот кој исклучува месо и глутен, Дијана призна дека не се согласува со нивните избори, посебно кога е во прашање исхраната.

Говорејќи за нивните семејни средби и динамиката со снаата, Дијана искрено ја опиша ситуацијата:

„Тие за жал ретко доаѓаат, си создадоа свое семејство и своја оаза. Јелена одредени работи ги прави на свој начин. имаме различни мислиења, особено по прашањето за исхраната која јас не ја поддржувам. Сепак, кога и да имаме време се обидуваме да се видиме, а кога доаѓаат кај нас дома, сакам и внуците да ја почувствуваат таа топлина на домот на баба и дедо“.

Мајката на тенискиот ас откри дека за време на посетите на внуците, нивните строги нутриционистички правила често паѓаат во втор план благодарение на традиционалните рецепти:

„Многу ги сакаат моите познати палачинки. ги слушам како викаат: ‘Бабо, направи ни палачинки’, па тогаш се надмудруваме: ‘Кои ги сакате, безглутенски или нормални?’, а Стефан веднаш вели: ‘Бабо, направи нормални, пушти ги тие безглутенските’.“

Дијана се потсети и на детството на Новак, откривајќи дека тој и неговите браќа обожавале домашни благи работи — особено бајадери, бисквит-торта и познатата француска торта „маркиза“ — нагласувајќи дека и покрај разликите во ставовите, семејната блискост и љубовта остануваат на прво место.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....