02:28 - 7 ноември, 2026

(Фото) Сузана Гавазова во бикини покажа како ужива на егзотична дестинација

Македонската фолк-пејачка Сузана Гавазова сподели нови моменти од својот летен одмор и со следбениците на социјалните мрежи покажа како ги поминува деновите покрај море.

Струмичанката објави серија фотографии и видеоснимки од егзотична дестинација, на кои позира покрај брегот и ужива во сончевото време.

На дел од снимките Гавазова е во кафеав дводелен костим за капење, додека на други позира во црно бикини покрај морето.

Пејачката, која е активна на социјалните мрежи и редовно споделува моменти од секојдневието, и овојпат доби бројни комплименти од своите следбеници за изгледот.

Фото: Скриншот

По одморот – домашна пица

По летните кадри, Гавазова сподели и сосема поинаков момент од секојдневието. По враќањето дома, таа покажа што подготвувала во кујната – домашна пица со интегрално брашно.

„Денес направив домашна пица со здраво тесто од интегрално брашно, тенко, крцкаво и превкусно!“, напиша пејачката покрај видеото од подготвениот оброк.

Гавазова често им дозволува на следбениците да ѕирнат во нејзиното секојдневие, па покрај фотографии од настапите и патувањата, на нејзиниот профил можат да се видат и моменти од семејниот живот.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....