Ќерката на Харис Џиновиќ, Џина, е мошне активна на социјалните мрежи, каде редовно објавува фотографии од своето секојдневие, патувањата и модните комбинации. Дел од нејзините објави се прилично провокативни, а познатиот пејач уште претходно јавно кажа што мисли за начинот на кој таа се претставува на интернет.
Кога Џина почна почесто да се појавува во јавноста, Џиновиќ истакна дека смета оти неговата ќерка треба да внимава каква содржина објавува.
„Таа е убава девојка, не треба да се фотографира како старлетите, а тоа и не го прави. Важно е сè што прави да биде во границите на пристојноста и јас тоа го поддржувам. Никогаш немала провокативни фотографии, се грижи за себе, за семејството и за тоа каков впечаток остава кај другите“, изјави своевремено Харис за „Аваз“.
Сепак, Џина во меѓувреме продолжи активно да објавува фотографии на својот профил, меѓу кои и кадри во бикини, кратки фустани и понагласени модни изданија.
Харис призна дека денес не се блиски
Пејачот во поново време отворено зборуваше и за нарушениот однос со својата ќерка, признавајќи дека меѓу нив повеќе нема некогашна блискост.
„Јас веќе немам емоции, се исклучив. За Џина велам: ‘Нека е жива и здрава!’. Замина во Барселона, таму нешто студира. Се занимава со некоја своја работа, што знам јас. Ете ја таму“, изјави Џиновиќ за „Курир“.
Во друга пригода тој зборуваше и за иднината на своите деца, посочувајќи дека очекува Џина еден ден да создаде сопствено семејство.
„Сака да се омажи, да има свои деца, да создаде свое семејство. И да имавме најдобри односи, таа еден ден ќе заминеше од оваа куќа со својот сопруг, за да има свои деца и семејство“, рече пејачот.
