13.8 C
Скопје
15:55 - 30 октомври, 2026

По долго време, Јована Јеремиќ прозборе за поранешниот партнер Драган

Јована Јеремиќ, по подолг молк, одлучи да ги расчисти сметките и да стави крај на шпекулациите поврзани со нејзиниот поранешен партнер, Драган Станковиќ. Таа, во својот препознатлив стил, јасно стави до знаење дека повеќе нема да дозволи злоупотреба на нејзиниот медумски простор.

„Не зедов јас да правам кифлички и да продавам во пекара, туку тој влезе во мојот медиумски реон и простор“, изјави Јована. Таа нагласи дека титулата „поранешен партнер на Јована Јеремиќ“ ја доделува како подарок, дури и за претстојната свадба, и посака сè најдобро, но само додека не се загрозува нејзината територија.

Јована објасни дека таа е „жена мафијаш“ кога станува збор за нејзината кариера и име. „Кој ме допре на кој било начин… ќе си помине, најблаго кажано, како бос по трње“, порача таа. Јована истакна дека молчела предолго и оти дошол моментот да се порамнат сметките, аргументирано и праведно.

И покрај шпекулациите за наводните долгови на Станковиќ и неговата раскошна прослава, Јована одби да детализира за неговиот приватен живот, нагласувајќи дека нејзин фокус е единствено заштитата на сопствениот интерес.

Слични објави

Карминот ви исчезнува по првиот пијалак? Испробајте го овој трик за подолготрајна боја

К.С.

Јелена Спенџарска искрено за самодовербата и притисокот од околината: „Ако не го најдам тоа што го сакам, нема да се омажам“

К.С.

(Фото) Николијa ги отстранила силиконите и се кае што некогаш ги вградила: Еве како изгледала пред естетските корекции

Еспресо

Лепа Брена за најтешкиот период во животот: „Се плашев дека нема да ги изведам децата на пат“

Е.А.

Каде да прошетате викендов? Три предлози за еднодневен излет во близина на Скопје

К.С.

Дарко Лазиќ си стави ботокс, а неговата сопруга го снимаше процесот

Е.А.
Се вчитува....