22.8 C
Скопје
17:41 - 29 септември, 2026

Џулија Фокс помина на детектор за лаги: Откриени непријатни факти од животот, вклучително и страста за крадење!

33-годишната италијанско-американска актерка и моделка Џулија Фокс направила тест со детектор за лаги за „Венити фер“ (Vanity Fair) и ги признала непријатните работи што ги направила. Некои од нив сè уште прават да се вцрвени во лицето.

Меѓу другите вистини што морала да ги признае пред детекторот на лаги, Фокс признала дека додека работела во болница, пред да стане позната, ѝ се случувало да украде лекарства и помошни медицински средства. Но кражбата не останува само до тука.

Таа призна дека најскапиот предмет што го украла е најверојатно чантата од змиска кожа Осар де ла Рента. Таа ја сокрила малата скапа чантичка во нејзините спортски панталони и излегла од продавницата. Џулија изјавила дека „знаела да оди во многу скапа стоковна куќа на Петтата авенија кога имаат распродажба“, бидејќи „таму има многу луѓе“ и нејзината кражба ќе остане незабележана.

Иако таа не го прецизирала името на бутикот, тоа би можело да биде стоковната куќа Блумингдејл од каде ѝ било забрането да ја посети откако била фатена како краде уште како тинејџерка.

Пред детекторот на лаги Фокс понатаму признава дека не се двоуми да ја чува облеката на своите бивши, но понекогаш и да ја облече, вклучително и јакната од Chrome Hearts и пар очила за скијање Прада кои ги украла од своето поранешно момче.

Ѕвездата зборувала отворено и за своето искуство во врските и призна дека сака да ги понижува мажите. Тоа според неа е начин да го ослободи својот бес. Подоцна Јулија негираше дека мрази мажи, но полиграфскиот „детектив“ ја препозна таа нејзина реченица како лага.

„Мразам патријархат. Има многу добри мажи“, рече таа, но детекторот на лаги ова го препозна како лага.

Фокс ја изрази својата фрустрација што многу мажи „користат“ од „системското угнетување на жените во нашата култура и општество“.

„Навистина посакувам повеќе мажи да застанат зад нас“, призна таа.

За време на тестот, манекенката забележала и дека се срами од ломот во собата во нејзиниот стан, кој станал вирален. Таа убедува дека да знаела дека тоа ќе се случи, прво добро би ги средела работите.

 

Слични објави

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо
Се вчитува....