00:02 - 29 ноември, 2026

Џорџ Клуни е подготвен за развод? „Со Амал водат сосема одвоени животи“

Познатиот актер Џорџ Клуни е на пат кон развод од сопругата Амал Клуни. Упатените известуваат дека 63-годишниот актер и Амал Клуни се под притисок да најдат време еден зашто имаат премногу ангажирани животи и дека секој си живее за себе.

Клуни, холивудскиот срцекршач во минатото, е во навидум совршен брак со Амал Клуни од 2014 година. Двојката се запозна една година претходно, веднаш откако тој реши да се откаже од Стејси Кејблер.

Врската со Амал, која трае точно една деценија, за Клуни е неговата најдолга врска и најдолг брак до сега, но уште колку долго би можеле да траат како пар сега кога се појавија првите гласини за длабок криза во бракот.

„И двајцата се хардкор работохоличари, секој од нив како да е во својот мал балон“, ексклузивно раскажува извор за In Touch. „Тие живеат во два многу различни света 90 проценти од денот. Тие водат сосема одвоени животи“, тврди инсајдерот.

Двојката воведе правило кое вели дека не може да живеат повеќе од една недела оддалечени еден од друг како изглед за да ги координираат нивните распореди, но тоа правило важеше во времето кога се венчале, и година две потоа, бидејќи Клуни тврдеше дека тоа „добро функционира“за бракот.

Но, со оглед на тоа што неговиот деловен распоред почнува да станува се поангажиран и пополн благодарение на неговата улога како филмски продуцент, додека Амал Клуни останува зафатена со својот живот како адвокат за човекови права престојувајќи повеќе во Европа, сега им стана невозможно да бидат заедно барем еднаш неделно, како што беше возможно пред 10 години.

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....