15:28 - 8 ноември, 2026

(Видео) Џон Траволта со својот неволен танц ги разочара фановите на Санремо: „Зошто го терате човекот да танцува со сила?“

Откако Златан Ибрахимовиќ (42) направи вистинско шоу на Санремо излегувајќи на сцената со хитот на Лепа Брена, холивудскиот актер Џон Траволта (69) заигра „танц на патки“ на италијанскиот фестивал.

Кога се качи на сцената, менаџерот на фестивалот веднаш го натера да танцува на добро познатиот хит Ballo del qua qua.

Но, тоа не беше доволно, па актерот мораше да танцува и на делови од неговите познати филмови, како што се Saturday Night Fever, Брилијантин, но и дел од филмот на Квентин Тарантино, Евтини приказни.

Додека на еден дел од публиката им се допадна танџот на Траволта, имаше и такви кои критикуваа.

„Од авион се гледа дека на Траволта тоа не му се прави“, „Зошто го присилувате човекот да танцува, кога не му се танцува“, „Очигледно ова му оди на нерви“…-гласат дел од коментарите.

Инаку, Џон Траволта пред осумнаесет години последен пат беше на сцената на фестивалот Санремо, кога ѝ ги масираше стапалата на актерката и водителка Викторија Кабело, пишува 24сата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by nssmagazine (@nssmagazine)

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....