8.8 C
Скопје
22:26 - 18 октомври, 2026

Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведоа! Разводот се случил во март

Упатените тврдат дека парот се развел уште во март. Самите ѕвезди не ги коментираат своите лични животи и информации во медиумите.

51-годишниот американски актер и режисер Бен Афлек и 54-годишната пејачка и актерка Џенфер Лопез се разведоа пред неколку месеци, пишува Page Six, повикувајќи се на свои извори. Според изворот, парот се развел во март. Засега нема официјална потврда за ова, бидејќи ниту Бен ниту Џенифер немаат дадено официјални изјави за нивниот брачен статус. И двајцата молчат, што дава плодна почва за шпекулации и претпоставки.

Обожавателите на Бенифер се посомневаа дека не се одвива сè како што треба меѓу нив уште во март, кога славните престанаа да се појавуваат заедно во јавноста.

Подоцна се дозна дека Афлек се иселил од луксузната семејна куќа на парот, вредна 60 милиони долари, со 12 спални соби и изнајмил дом од 100.000 долари во Брентвуд, поблиску до неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер и нивните три деца.

Џенифер неодамна замина на одмор во Италија, каде, меѓу другото, беше забележана како се релаксира со пријателите на јахта во Позитано. Со неа не се видени ниту Бен, ниту децата. Додека беше во Европа, таа присуствуваше на неколку ревии на модната недела во Париз.

Додека Џеј Ло летуваше на друг континент, Афлек ги пресели своите работи од нивната куќа, уште еднаш давајќи им причина на фановите да помислат дека парот решил конечно да го прекине бракот.

Освен тоа, на продажба е ставен и имотот на парот, кој е на пазарот веќе неколку недели, но досега никој не бил особено заинтересиран за имотот вреден 65 милиони долари. Сепак, парот веќе почнал да ги продава уметничките дела, а купувачи се најдоа меѓу колекционерите и обожавателите на познатите личности.

 

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....