07:21 - 19 ноември, 2026

Џеф Безос планира да отпушти 10.000 вработени од „Амазон“ следната недела

Амазон, најголемата компанија на пазарот за е-трговија, планира да отпушти 10.000 луѓе или 3% од сите вработени следната недела,  пишува Њујорк Тајмс, повикувајќи се на извори во американската компанија.

Пред сè, тие ќе отпуштат вработени во техничкиот оддел кои развиваат сопствени уреди на Амазон. Намалувања ќе има и во персоналот и одделот за продажба.

Според Њујорк Тајмс, за две години бројот на вработени во Амазон е двојно зголемен, а растот на приходите на компанијата е забавен. Друга причина се стравувањата на компанијата од рецесија во САД.

Минатата недела CNBC објави дека Мета ќе отпушти 13% од своите вработени, или 11.000 луѓе. Тогаш се дозна дека американскиот претприемач Илон Маск, кој ја купи социјалната мрежа Твитер, ги отпуштил сите вработени во одделот за комуникации на компанијата, освен еден.

Милијардерот Џеф Безос повикува човештвото да се подготви за најлошото: „Чувајте кеш пари“

Слични објави

(Фото) Беше најубавата Југословенка, ја изгуби светската круна поради голи фотографии, а и денес изгледа феноменално

Еспресо

(Видео) „Жената не е ничија сопственост“ — Александар Динев со порака против насилството и осудувањето на жртвите

К.С.

(Фото) Ела Дворник им покажа на своите ќерки фотографија од младоста, нивните реакции се вистински хит!

Еспресо

Соседите на Александра Пријовиќ откриваат што се случува во населбата по палењето на џипот: „Ова е мафијашка пресметка“

Еспресо

На Нада Топчагиќ ѝ дошла полиција, соседите ја тужеле: „Златко сега треба да плати 25.000“

Еспресо

(Видео) Тренер жестоко ја критикуваше Сека Алексиќ за изјавите за лекот со кој ослабела: „Какви инјекции, децата треба да спортуваат“

Еспресо
Се вчитува....