16:26 - 8 ноември, 2026

Џеф Безос донира 100 милиони долари во добротворни цели, парите ги распределува Доли Партон

Милијардерот и основач на Амазон, Џеф Безос донираше 100 милиони долари на американската пејачка и филантроп Доли Партон за таа понатаму да ги донира во вистинските добротворни организации, пишува Њујорк Пост.

Изведувачката всушност стана сопственик на наградата Bezos Courage & Civility и доби пари кои ќе бидат наменети за добротворни цели. Оваа награда ја објави самиот Безос и неговата сакана Лорен Санчез.

„Џеф [Безос] и јас сме толку горди што имаме нов добитник на Безос наградата за храброст, жена која го дава своето срце и се води од љубов и сочувство во секој аспект од нејзината работа. Едвај чекаме да ги видиме сите добри работи што таа може да ги направи со оваа награда од 100 милиони долари“, напиша Санчез на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)

Доли Партон им се заблагодари на Безос и Санчез за укажаната можност.

„Се обидувам да ги ставам парите таму каде што ми е срцето. Ќе дадам се од себе да направам добри работи со овие пари“, напиша пејачката на Твитер.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....