29.8 C
Скопје
17:24 - 9 јули, 2026

Девојчето кое Кејт Мидлтон го посети кога боледуваше од рак ѝ испрати трогателна порака на принцезата

Откако Кејт Мидлтон објави дека има рак, на социјалните мрежи почна да се споделува видео од трогателниот момент кога принцезата од Велс облекла розов фустан за да запознае мало девојче кое има леукемија. Кејт ѝ ветила на тогаш петгодишната Мила Снедон дека ќе носи розово (омилена боја на Мила).

Принцезата го одржа ветувањето и облече розов фустан за да се сретне со Мила во мај 2021 година. Кејт не смеела да ја прегрне поради короната, но ѝ кажала дека навистина сака да ја погали. Мила беше совршена мала принцеза во фустан, носеше мала круна и розови чевли.

Ден откако беше откриено дека Кејт има рак, Мила ѝ испратила порака на принцезата, пишува Индекс хр.

– Ќе биде храбра како што бев јас и ќе се бори како што се борев јас – изјавила малата Мила за Мирор. И нејзината мајка ја коментираше објавата на Кејт.

твитер

-Кејт е мајка и сопруга, таа е млада, убава и атлетски градена и се соочува со ова. Тоа покажува дека ракот не прави дискриминација, секому може да му се случи во секое време. Ѝ посакуваме мирно и брзо закрепнување – рекла Линда и испратила порака до кралското семејство.

– Ја испраќаме нашата љубов, поддршка и добри желби до Вилијам, Џорџ, Шарлот и Луј и посакуваме на Кејт мирно и брзо закрепнување.

Мајката на Мила рече дека принцезата ја објавила дијагнозата на рак на втората годишнина од ремисијата на Мила.

– Мила разговараше со мене и ми кажа дека сака да направи и да ѝ испрати картичка на Кејт. Така Мила ќе оствари контакт на приватен начин. „Кејт и покажа на Мила такво сочувство, грижа и поддршка за време и по третманот“, додаде таа.

Слични објави

Вук Моб откри дека со години месечари: Искршил клавир, па поставил камери за да открие што прави додека спие

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Минимално инвазивни операции за замена на аортна валвула со користење на десен трансаксиларен пристап

Еспресо

Возачот осомничен за смртта на братот на Дарко Лазиќ пуштен од притвор: Познати нови детали од истрагата

Еспресо

„Цела година не сум земала ниту едно евро“: Драгана Мирковиќ откри дека поради хуманитарните концерти останала без заработка

Еспресо

„Се надевам дека следниот пат ќе си ја најдам колата на дрво“: Весна Петрушевска повторно се пошегува на своја сметка по нов инцидент со колата

Еспресо

(Фото) Драма во домот на Лепа Брена – пејачката и нејзинот син Виктор барале помош, нуделе и награда

Еспресо
Се вчитува....