12.8 C
Скопје
21:43 - 25 септември, 2026

Денис Космонаутко промовираше книга во Охрид: Станувавме во 3, а се враќавме дома и по 22 часот, но не треба да се жалиме

Авантурите на Денис Јанкуловски, медицинскиот работник од Центарот за јавно здравје познат како Денис Космонаутко раскажани во книга се интересни, емотивни и инспиративни приказни од времето на Ковид пандемијата, и од неговиот живот воопшто.

„Авантурите на Космонаутко“ по скопската и кумановската промоција, беше промовирана во Охрид. Промоцијата во библиотеката „Григор Прличев“, беше пријатна и опуштена седенка со убава дискусија за книгата, како што се очекува за лик како Денис.

„Земам брис од баба и дедо. Внучето на скали. Татко му е во болница. Наеднаш ми вика: Денис, тато да го донесеш дома. Уф, директно во срце“.

Ова е само еден мал еден дел од книгата кој беше прочитан на промоцијата. На нашето прашање подоцна, Космонаутко раскажа дека таткото на детето преживеал и по извесно време излегол од болница.

-Не можев да го вратам толку брзо колку што очекуваше детето, но таткото дојде дома – рече Јанкуловски. Откри и дека станувањето рано, околу 4, а понекогаш и 3 му станало навика за време на пандемијата и уживал додека ги гледа изгрејсонцата. Тој, како и неговите колеги, и на минус 20 и на плус 40 носеше скафандер и денот го поминуваше главно на терен, земајќи брисеви од деца и луѓе од различни возрасти. Меѓу нив и деца со атипичен развој на кои Денис им помага долги години наназад, и ги нарекува свои пријатели.

-Некогаш се враќав дома во 9-10 навечер, а знаев дека пак треба да станам во 3-4. Не сакам ова да звучи како жалење, и јас и колегите си ја вршевме својата работа, ниту во еден момент не си реков – утре не одам на работа. Но, Бибуш, мојата сопруга Билјана и синовите се најзаслужни што издржав. Секој ден, таа ме пречекуваше со вкусен ручек – рече Денис за семејството. Неговата сопруга е охриѓанка, а Космонаутко на шега рече дека од октомври во 1994 година, откако е охридски зет, и тој станал охриѓанец. Гордата сопруга со радост го слушаше секој збор кој Денис ѝ го упати.
Прличевата одаја во билблиотеката беше преполна, а дел од гостите беа токму роднини на сопругата и пријатели на Денис. Книгата на човекот кој секое утро во времето на пандемијата на Фејсбук објавуваше видеа како пее има и весели и тажни приказни, но најважно е што се вистински и возбудливи.

„Авантурите на Космонаутко“ е во издание на „Прозарт Медиа“, а промоцијата заедно со Денис ја водеше главниот и одговорен уредник на изданието Дејан Трајкоски. Гостите на почетокот ги поздрави Милчо Јованоски, директорот на библиотеката „Григор Прличев“.

Денис книгата му ја посвети на Душко Зафировски кој го осмисли дизајнот на корицата, но за жал починал од ковид-19. Јанкуловски со радост најави и документарен филм во режија на Дејан Пројковски, песни кои ги работи со Весна Малинова и нова книга.

Слични објави

„Првата половина од мојот живот ја поминав…“: Марија Шерифовиќ донесе важна одлука на Бали

Еспресо

(Фото) Новата снаа на Брена се всели во станот на Виктор од 700.000 евра: Александра го покажа неверојатниот луксуз

Еспресо

(Фото) Торта на три спрата, скокалница и декорации – Сека Алексиќ го претвори дворот во игротека за роденденот на синот Јаков

Еспресо

„Својот труд го трошеше на луѓе кои тоа не го заслужија“ — Сузана Јовановиќ е разочарана од луѓето по смртта на Сaша Поповиќ

E.A.

„Одев по улица со синот и врескав на целиот глас“ — Стоја се присети на најтешкиот период кога ја избркале од дома со тригодишно дете

E.A.

„Агонијата трае 15 години“ — Гоца Тржан првпат му одговори на Иван Маринковиќ за ќерката Лена

E.A.
Се вчитува....