22:10 - 29 ноември, 2026

Болната Кејт Мидлтон го планира следното појавување во јавност: Во ложата на Вимблдон

Кејт Мидлтон го планира своето следно кралско појавување во наредните недели по нејзиното појавување на Trooping the Color 2024, пишува Њујорк пост.

Принцезата од Велс на почетокот на јуни ги воодушеви обожавателите со тоа што му се придружи на кралското семејство за да го прослави роденденот на кралот Чарлс III на балконот на Бакингемската палата. Сега. идната кралица наводно планира да се појави и на тениското првенство на Вимблдон во јули.

„Нејзиното лекување е во тек и ќе продолжи во следните неколку месеци, но знам дека таа би сакала да присуствува на тенискиот турнир Вимблдон – таа е покровител на тенискиот турнир“, рече кралскиот експерт Емили Ендрјус.

Таа додаде дека сопругата на принцот Вилијам минува низ „добри и лоши денови“ додека продолжува со лекувањето од рак.

Како што е познато, Кејт Мидлтон е голем љубител на тенисот и таа секогаш ги следи натпреварите во кралската ложа на централниот терен.

Претходно, шефот на Ол Ингланд клубот, кој е домаќин на годишниот турнир, зборуваше за претпоставката дека принцезата ќе се појави на настанот.

„Наш приоритет е нашиот патрон да се опорави и секако немаме намера да вршиме дополнителен притисок врз нејзиното закрепнување со шпекулации за нејзиното учество на тековниот шампионат“, рече Дебора Џеванс.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....