19.8 C
Скопје
10:23 - 30 септември, 2026

Бојан Маровиќ искрено за успехот на помладиот колега Јаков Јозиновиќ — „Ми се гади кога се зборува за тоа“

Познатиот црногорски поп-пејач Бојан Маровиќ, кој е на сцената повеќе од две децении, отворено проговори за вртоглавиот успех на својот помлад колега Јаков Јозиновиќ. Памтејќи ги своите почетоци од 2002 година, Маровиќ истакна дека одлично знае низ каква „експлозија“ поминал младиот пејач.

„Однеднаш секој чекор ти се мери“

Маровиќ објаснува дека со инстантната популарност доаѓа и голем товар, бидејќи преку ноќ го губиш правото на приватност.

„Јас го поминав сето тоа. Му посакувам уште 25 арени и 700 држави да го сакаат, бидејќи тој е добро момче. Сигурен сум дека не му е лесно. Тоа е како експлозија, однеднаш секој чекор ти се мери, повеќе не можеш ни да јадеш сендвич на улица и да се измачкаш, за некој да не каже: ‘види го овој’. Но, тоа е процес на созревање“, вели Бојан.

Шлаканица за љубоморните колеги

Пејачот на хитот „Više te nema“ немаше разбирање за постарите колеги од естрадата кои со љубомора и негативност гледаат на успехот на Јозиновиќ затоа што на почетокот на кариерата пеел туѓи песни.

„Ми се гади кога се зборува негативно за ова. Ми е жал за моите колеги кои се лутат. Па, кога јас имав само една моја песна на почетокот, морав да пеам песни од други искусни колеги на настапите. Што е проблемот тука? Мене би ми било многу жал ако ваков успех доживееше некој кретен кој апсолутно не знае ништо да работи во животот, кој само мавта со рацете и вика ‘ајмо сите ваму, ајмо таму’. Тоа би било заморно. Мило ми е што Јаков покажа дека со пристојност може да се постигне сè“, дециден е Маровиќ.

Слични објави

(Фото) Ноне Неделковска наполни 40 години — роденденот го прослави со торта и тренинг во фитнес сала

Еспресо

(Фото) Вистинска домаќинка – Ѓина Џиновиќ се пофали со своите вештини во кујната

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 септември: Намалете ги работните обврски, одмарајте повеќе

apostolova

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо
Се вчитува....