17:56 - 9 ноември, 2026

Кај нас жената ја нарекуваат „баба“ штом ќе наполни 40 години — познатата креаторка Верица Ракочевиќ без пардон за предрасудите

Познатата српска модна креаторка Верица Ракочевиќ уште еднаш покажа дека нема влакна на јазикот кога се во прашање предрасудите за жените и годините на Балканот. Таа отворено проговори за суровата реалност со која се соочуваат жените во денешното општество.

„Жената кај нас е понижена и вулгаризирана“

Креаторката, која храбро чекори низ животот без оглед на општествените норми, истакна дека лимитот кога се во прашање годините никаде не е толку примитивен како на овие простори.

„Не сум феминистка, но морам да кажам дека живееме во општество каде што жената е до болка понижена, немоќна и вулгаризирана. Немам проблем кога некој ме нарекува ‘баба’, бидејќи јас тоа навистина сум и по години и затоа што имам внуци. Голема работа е да доживеете години во кои можете да бидете баба, но кај нас така ги нарекуваат жените штом ќе влезат во четириесеттите. Дури тогаш сфаќате во колку примитивно општество живееме“, изјави Ракочевиќ.

Има 76 години, а карактерот и енергијата и се посилни од бројките

Верица смета дека силниот карактер и самосвесноста се клучни за човек да не дозволи примитивизмот деструктивно да му влијае врз психата, амбицијата и творештвото.

„Да не се лажеме, 76 години се сериозна бројка, но мојата голема среќа и предност е што никогаш не сум живеела, ниту пак сега живеам во склад со нив. Јас немам допир со годините, ниту ги бројам, ниту размислувам за нив“, додава таа.

Бракот со 35 години помладиот Вељко

Инаку, креаторката веќе повеќе од една деценија ужива во среќен брак со својот сопруг Вељко Кузманчевиќ, кој е помлад од неа цели 35 години. Нивната љубов на почетокот беше главна тема за озборување, но тие со години докажуваат дека за нив предрасудите не значат ништо.

Нивната венчавка беше сосема поинаква и во нивнен стил, правена во четврток (бидејќи постои верување дека бракот склучен во тој ден трае цел живот), во интимна атмосфера на сплав, каде што наместо класична венчаница, Верица носела краток мини-фустан од Вивиен Вествуд во комбинација со црни чизми.

Слични објави

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.
Се вчитува....