00:11 - 30 ноември, 2026

Харис Џиновиќ заработил милиони, а еве колкави плати им исплаќа на своите вработени

Пејачот Харис Џиновиќ зад себе има успешна деловна година. Според податоците од Агенцијата за стопански регистри во Србија, неговата компанија „Муштулук“, во која е сопственик и директор, во текот на 2025 година остварила приход поголем од 11 милиони динари, додека расходите изнесувале нешто помалку од девет милиони динари.

По пресметката на сите трошоци и даночни обврски, компанијата ја завршила годината со нето-добивка од речиси два милиона динари, односно околу 16.500 евра.

Резултатите се значително подобри во споредба со претходната година. Во 2024 година фирмата остварила приход од повеќе од седум милиони динари, но поради високите расходи нето-добивката изнесувала само околу 78.000 динари.

Покрај финансиските резултати, внимание привлекле и податоците за вработените. Имено, компанијата на Харис Џиновиќ има двајца вработени, а според достапните информации нивната просечна месечна плата изнесува 105.500 динари.

Харис Џиновиќ никогаш јавно не сакал да зборува за својата заработка или за вредноста на својот имот.

Ќерката Ѓина повторно во семејниот дом

Во меѓувреме, српските медиуми пишуваат дека неговата ќерка Ѓина Џиновиќ повторно престојува во семејниот дом во Белград, што ги поттикна шпекулациите дека ги подобрила односите со својот татко.

Таа неодамна на социјалните мрежи објави фотографии од луксузната вила на Сењак, која е во сопственост на Харис Џиновиќ.

Претходно, пејачот откри дека односите со ќерката биле заладени.

„Со неа имам прилично замрзнати односи. Тоа е сè што би кажал. Немам веќе емоции, се исклучив. За Ѓина велам само: нека е жива и здрава“, изјави неодамна Џиновиќ.

Тој додаде дека Ѓина денес живее во Барселона, каде што студира и се занимава со свои деловни активности.

„Сака еден ден да се омажи, да има свои деца и свое семејство. Мислам дека тоа е сосема нормално за секоја млада жена“, рече пејачот.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....