7.8 C
Скопје
03:47 - 2 април, 2026

БЛИЗНАЧКИ УКРАЛЕ 10.000 ЕВРА ОД СВОИТЕ БАБА И ДЕДО: Нивната мајка ги предала на полицијата

Клер и Луиз Смит (25) од Шкотска биле протерани од семејството заради непростлива ароганција и кражба, која систематски ја вршеле со месеци.

Близначките ја изневериле својата баба Марлин (75) во најлошите моменти од нејзиниот живот. Откако дедото Крафорд доживеал срцев удар на почетокот на годината, тие ја искористиле приликата „да се најдат при рака“, па затоа ѝ понудиле на баба им Марлин да ѝ помагаат – да одат во продавницата да ѝ купуваат намирници и да ги плаќаат сметките.

За време на епидемијата на коронавирусот, сестрите малку по малку ја краделе целата заштеда на баба им и не ѝ носеле потврда за платените сметки и за другите давачки, па за неколку месеци направиле долг за неплатени сметки во износ од 10.000 евра!

Бабата, преокупирана со здравствената состојба на сопругот и полна со доверба во своите внуки, не забележала ништо, но мајката на близначките почнала да се сомнева бидејќи почнале да носат нова облека, чанти и чевли и често да се подновуваат.

Таа ги прашала од каде им се парите за сета таа облека, а тие ѝ кажале дека штеделе. Знаејќи дека Клер и Луиз не се склони кон штедење, таа прво помислила дека украле пари од некои странци. Сомнежот на мајката бил разјаснет и за само неколку дена во разговор со бабата и дедото открила дека тие им даваат пари.

„Никогаш повеќе не сакам да ги видам моите деца. Тие се исфрлени од куќата, двете се мртви за мене. Сè, сè, но по срцевиот удар на дедо им, да го сторат тоа е непростливо“, изјави нивната мајка за „Дејли рекорд“.

Во меѓувреме, таа ги пријавила во полиција и биле уапсени за кражба и сега чекаат исход на суд. Доколку немаат среќа, ќе се соочат со затвор и уште полошо – нов живот без ничија помош.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....