28.8 C
Скопје
11:11 - 11 септември, 2026

Фановите на Вил Смит гневни на Академијата: „Расистичка одлука“, „престрога казна“, „холивудско лицемерие“…

вил смит

Откако на Вил Смит му беше забрането да учествува на кој било настан на Академијата во следните10 години, поради неговиот напад на Крис Рок на ноќта на Оскарите, Крис Рок продолжува да молчи, како и другите холивудски ѕвезди. Но проговореа фановите на актерот од „Мен ин блек“ кои се прилично гласни на социјалните мрежи: претерана казна, расистичка одредба…- ова се дел од реакциите и протестите на санкцијата што го погоди новиот оскаровец.

Обожавателите на Смит се особено лути што слични мерки не се преземени, но не се ни помислувани, за други ѕвезди со слични постапки, а особено против белите „предатори“, почнувајќи од Харви Вајнштајн, кој продолжува да го „држи“ Оскарот дури и откако е осуден на 23 години затвор откако нападнал и силувал околу осумдесет жени.

На социјалните мрежи продолжува гневот од фановите на Вил Смит кои ги наведуваат имињата на глумците кои, според фановите, не биле понижени на ист начин како Смит: меѓу нив Кевин Спејси, Кејси Афлек, Вуди Ален, Џејмс Франко, Џејмс Тобак, кои никогаш не им било забрането да присуствуваат на Оскарите, и покрај обвинувањата за сексуално вознемирување, или како во случајот со Мел Гибсон, насилство врз партнерката и антисемитските изјави.

Од друга страна пак, сосема спортивно на фановите, многумина колеги на глумецот сметаат дека Академијата била премногу блага кон Смит, односно дека, е лицемерна – дека за едни е мајка, за други – маќеа!

Смит, конкретно, следната година требаше да ја додели една од најпрестижните награди, токму поради тоа што годинава му беше доделен Оскар за најдобар актер (во филмот Кралот Ричард), во улогата на таткото на сестрите Вилијамс, тениски шампиони. Смит бурно реагираше кога колегата комичар се пошегува на сметка на избричената коса на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит, која боледува од алопеција. Како резултат на неговиот насилен чин, изведен на сцената на настан следен низ целиот свет, додека насилството се заканува да не вовлече во нов светски конфликт, Академијата сепак одлучи да не му ја оземе наградата од Смит. Не само тоа. Академијата одлучи да не го спречи да заработува номинации, па дури и награди (Оскари) во наредните години!

Единствената санкција се однесува на неговото присуство, физичко или виртуелно, на доделувањето.

Слични објави

(Фото) Богдана и Вељко Ражнатовиќ се забавуваа на Кипар: Се играло и ужичко оро

Еспресо

Доколку имате проблеми со видот јадете храна богата со витамин А

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ мами погледи на Сардинија – ги покажа долгите нозе во фустан со висок прорез

Еспресо

Дневен хороскоп за 11 септември: Не пропуштајте ја можноста да ги претставите своите идеи

apostolova

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо
Се вчитува....