7.8 C
Скопје
02:04 - 20 октомври, 2026

Бившата на Аца Лукас знае што сака: „Дајте ми нова бунда, не ми треба принц на бел коњ“

Поранешната сопруга на Аца Лукас, Соња Вуксановиќ, повторно го привлече вниманието на јавноста со објави од Истанбул, каде што престојува деновиве.

Соња на социјалните мрежи сподели фотографии и видеа од луксузни локации, а особено внимание привлече снимката од лимузина со покрив што наликува на ѕвездено небо. Следбениците во коментарите ѝ порачаа дека изгледа подобро од кога било.

Дополнителни реакции предизвика и статусот што го сподели: „Некои жени бараат принц на бел коњ, а јас барам бунда што ми оди со сè“.

Соња Вуксановиќ / Фото: Инстаграм/Соња Вуксановиќ

Објавата предизвика поделени мислења – додека едни ја поддржаа нејзината искреност и став, други ја нарекоа материјалистка.

Инаку, Лукас во својата автобиографија отворено зборуваше за нивниот брак, признавајќи дека поради Соња се менувал и се обидувал да ѝ угоди. Тој опиша дека љубовта постоела, но и дека нивниот однос бил исполнет со турбуленции и жестоки расправии, кои оставиле последици и врз семејната динамика.

Во меѓувреме, Соња продолжува да живее на висока нога и со секоја нова објава повторно станува тема на медиумите.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....