7.8 C
Скопје
01:24 - 20 октомври, 2026

Бил Гејтс советува да се инвестира во производство на растително месо: Стекот од зеленчук е подобар!

Во подкастот „Unconfuse me“, мултимилијардерот Бил Гејтс повторно зборуваше за, како што рече, скриеното влијание на месото врз животната средина и во таа прилика изјави дека верува оти иднината е во месото од растително потекло.

Тој смета дека повеќето луѓе не знаат како земјоделството придонесува за климатските промени, особено кога станува збор за емисиите на метан од добитокот и ѓубривата, пишува Biznisinfo.ba.

Гејтс разговараше за влијанието на земјоделството врз животната средина со музичарот и режисер Ахмир Томпсон, познат како Questlove, кој исто така инвестираше во неколку стартапи за храна од растителна основа.

Квестлав му рекол на Гејтс дека компанијата „Impossible“ произведува стек од зеленчук со сирење, кој е омилен и на поранешниот американски претседател Барак Обама.

Тој истакна дека го освоило тоа што храната од растително потекло има вкус на вистинско месо.

Во својата книга од 2021 година, „Како да се избегне климатска катастрофа“, тој напиша дека ефикасна борба против климатските промени ќе бара подготвеност да се посветиме на нови работи, како што се електрични возила и синтетичко месо.

Во тоа време, тој тврдеше дека богатите земји имаат ресурси потребни за да се префрлат на 100 отсто синтетичко говедско месо и смета дека вкусот на ова месо ќе станува се подобар и подобар.

Месото од растително потекло сочинува мал дел од вкупниот пазар на месо. Милијардерот е свесен дека ќе биде тешко луѓето да се убедат да престанат да јадат вистинско месо. Една од причините зошто е тоа така е што растителното месо е поскапо.

Затоа преку својата фондација Бил Гејтс поддржува старт-ап компании за одгледување на растително и лабораториско месо.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....