07:13 - 29 ноември, 2026

Аријана Гранде бара развод, неодамна се разведе и нејзиното ново момче

Аријана Гранде официјално поднесе барање за развод од сопругот Далтон Гомез по две години брак.

Ваквата одлука на 30-годишната пејачка доаѓа речиси два месеца откако нејзиното ново момче Итан Слејтер (31) се разведе од сопругата Лили Џеј.

Аријана наведува непомирливи разлики во судските документи до кои дојде ТМЗ, кој објави дека и Далтон поднел сопствено барање за развод речиси истовремено.

Во документите пишува дека се разделиле на 20 февруари.

Извори за ТМЗ изјавија дека двојката се договорила за сè пред одењето на суд и дека Аријана ќе има исплата за Далтон бидејќи имале предбрачен договор.

Порталот додаде дека нема лутина меѓу двајцата, чии инсајдери рекоа: „Тие навистина се почитуваа еден со друг во секој чекор од овој процес..“

Веста за разделбата се појави кога Аријана беше забележана без бурма на тенискиот турнир „Вимблдон“ во Лондон.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....