7.8 C
Скопје
02:31 - 30 март, 2026

Жизел Бундшен и Том Брејди се почастија со луксузен имот во „бункерот на милијардери“

Бразилската манекенка Жизел Бундшен (40) и нејзиниот сопруг рагбистот Том Брејди (43) ќе станат новите комшии на Иванка Трамп и нејзиниот сопруг на „Indian Creek“ островот во Мајами кој е познат и како „бункерот на милијардерите“, пишуваат странските медиуми.

Парот кој во моментот изнајмува огромна вила во Тампа, купил парцела на овој остров за 17 милиони долари.

Фото: Профимедиа

На овој остров живеат многу богаташи, вклучуваји ги и Хулио Иглесијас, Андријана Лима, милијардерот Карл Ичан и ќерката на Доналд Трамп, Иванка која неодамна купи земја на овој остров и за неа искешира 30 милиони долари.

Брејди и Бундшен сакаат да изградат еколошка вила на островот. И двајцата се страствени љубители на дизајнот, па така веруваме дека нивната вила ќе биде нешто посебно.

Фото: Профимедиа

„Тие сакаат да градат од темел, погледнете го нивниот дом во Бруклин, ова ќе биде слично на тоа“, изјави извор близок до парот.

Агентот за луксузни градби во Мајами изјави дека побарувачката никогаш не била поголема:
„Сите сакаат да бидат на Мајами. Доаѓаат од Њујорк и Калифорнија. Пазарот во моментот е луд“, изјави агентот за луксузни недвижности Нелсон Гонзалес.

Фото: Профимедиа

Том и Жизел наводно го продаваат својот имот во Трибека за 40 милиони долари, а изворот додал дека тие бараат и нов имот во Лос Анџелес повторно.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....