23.8 C
Скопје
14:02 - 4 октомври, 2026

ЖЕНИТЕ ДОМИНИРАА НА „ЕМИ“ НАГРАДИТЕ: Кои се најдобрите актерски остварувања за минатата година

Драмата „The Crown“ и комедијата „Ted Lasso“ освоија главни награди на големите телевизиски награди „Emmy“ во неделата, додека „The Queen’s Gambit“ беше прогласена за најдобра ограничена серија!

Очекувано, наградата за најдобра драмска серија ја доби серијата „The Crown“ во продукција на „Netflix“, додека наградата за најдобра хумористична серија припадна на серијата „Ted Lasso“ во продукција на „Apple TV+“. Ниту „Netflix“ ниту „AppleTV+“ претходно не освоиле „Emmy“ за најдобра комедија или најдобра драмска серија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Point De Vue (@pointdevue)

Оливија Колман и Џош О’Конор од „The Crown“ освоија награди за најдобри драмски актери.

Колман и О’Конор, кои ги играа кралицата Елизабета и принцот Чарлс, беа прогласени за најдобра драмска актера и актер во раскошната сага за британското кралско семејство.

Кејт Винслет беше прогласена за најдобра актерка за нејзината улога на „проблематичната“ детективка во лимитираната серија „Mare of Easttown“, додека Иуан Мекгрегор победи во истата категорија за својата улога на моден дизајнер во минисеријата „Halston“.

По сезоната која се фокусираше на несреќниот брак на принцот Чарлс и принцезата Дијана, за легендарната улога во серијата „The Crown“ во категоријата најдобра споредна актерка победи Џилијан Андерсон која ја толкуваше поранешна британска премиерка Маргарет Тачер, а наградата за најдобар спореден актер ја доби Тобијас Мензис кој го глумеше покојниот принц Филип.

Џејсон Судејкис, ѕвездата и ко-креатор на серијата „Ted Lasso“, беше прогласен за најдобар актер во комедија, а Хана Вадингем и Брет Голдстејн за најдобра споредна улога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by trèsCLICK (@tresclick)

Џин Смарт доби овации кога беше прогласена за најдобра актерка во комичната серија „Hacks“ во улога на стенд-ап комичарка.

Церемонијата поради пандемијата на коронавирусите се одржа во шатор во центарот на Лос Анџелес, со намалена листа на гости кој морале да прикажат доказ за примена вакцина и негативен ковид тест.

Целата листа на добитници на наградите можете да ја видите овде.

Слични објави

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо

Да се потсетиме на „Кажи нешто, драга“ – песната која ја овековечи Драган Мијалковски и стана еден од најубавите македонски евергрини

Т.Ц.

(Видео) Поранешниот на Џејла Рамовиќ во прегратка со Милица Павловиќ во Љубљана! Не се одвојувале еден од друг

Еспресо

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Гоца Тржан искрено за семејството: „Се надевам дека наскоро ќе станам баба“

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ доби уникатно признание од делови од берлинскиот ѕид и засадено дрво во нејзина чест по концертот во Германија

Еспресо
Се вчитува....