9.8 C
Скопје
22:56 - 17 октомври, 2026

(ВИДЕО) ЖЕНИТЕ ДОМИНИРАА НА БЕРЛИЕНАРЕ 2022: Филмот„Алкарас“ е добитник на Златна мечка за најдобар филм

Филмот „Алкарас“ (Alcarràs) на шпанската режисерка Карла Симон, за борбата на каталонското семејство одгледувачи на праски, ја доби „Златната мечка“ за најдобар филм на Берлинскиот филмски фестивал.

Одлуката, делото на режисерката Симон да го награди меѓу 18-те филмови кои се натпреваруваа за „Златна мечка“, ја донесе жирито на чело со американскиот режисер Најт Шамалан. „Оваа награда ја посветувам на сите оние кои и покрај сите маки се занимаваат со земјоделство“, изјави шпанската режисерка по врачувањето на наградата.

Филмот „Алкарас“ говори за шпанско семејство одгледувачи на праски кои се борат против уривањето на нивната плантажа за потребите на производство на сончева енергија. Жирито објасни дека филмот е награден за извонредните актерски достигнувања, од деца актери до актери во 80-тите години, за прикажувањето нежности и комични сцени во семејството и неговата борба, како и за „изневерувањето на нашата поврзаност и зависност од земјата околу нас“.

„Сребрена мечка“ за режија доби Клер Дени за филмот „Двете страни на сечилото“ (Both Sides of the Blade) со Жилиет Бинош во главната улога.

Со Големата награда на жирито, пак, се закити јужнокорејскиот режисер Хонг Сангсу за филмот „The Novelists Film“, а наградата на жирито ја доби мексиканскиот филм „Robe of Gems“ во режија на Натали Лопез Гаљардо.

Актерката со турско потекло Мелтем Каптан за улогата во филмот „Rabiye Kyrnaz Vs George W. Bush“ ја доби наградата „Сребрена мечка“ за најдобро актерско остварување, додека наградата од 40.000 евра за најдобар документарен филм отиде кај „Мјанмарски дневници“, којшто го прикажува бунтот против државниот удар во Мјанмар во 2021 година.

На 72. Меѓународен филмски фестивал во Берлин, кој започна на 10 февруари, со ограничено присуство на публика и строги епидемиолошки мерки, беа прикажани 256 филмови од 69 земји.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....