8.8 C
Скопје
04:34 - 4 април, 2026

(ВИДЕО) ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА РАЈА, ЗМИЈАТА НА АГНЕСА ОРГАНЏИЕВА: Кралски питон за миленик по желба на постарата ќерка

Агнеса Органџиева има своја „армија“ од следбеници кои љубопитно го следат нејзиното секојдневние преку фотографиите кои ги објавува на својот инстаграм – профил. Многу мода, внимателно избрана козметика, луксузни подароци, како и фотографии од нејзиниот дом и моменти поминати со блиските пријатели и ќерките.

Правник по професија, успешна дама и посветена мајка на своите две прекрасни ќерки, Вивиен и Тифани. Последно на својот инстаграм – профил Агнеса не поздрави со својот егзотичен миленик, кралскиот питон Раја.

Веќе е познато дека Агнеса и нејзините ќерки се љубители на егзотичните животни, особено на змии. Постара ќерка на Органџиева, Вивиен, била главниот иницијаторот да се чува малку несекојдневно милениче во нивниот дом.


„Драги мои пријатели, еве го моето мало „маче“. Еве ја Раја, ви ја снимам за да не ја заборавите, да ве потсетам дека постои и ве поздравувам“ – вели Агнеса во видеото на кое позира со кралскиот питон.

Љубовта кон егзотичните животни беше и причина плус да го поканат едукаторот од Зоолошката градина во Скопје, Војо Иванов, да биде специјален гостин на 10-тиот роденден на помалата ќерка на Агнеса, преслатката Тифани.


Војо за најмладите приреди бројни изненадувања, а секако и прекрасна едукација запознавајќи ги со светот на рептилите. Агнеса се фотографираше со познатиот албино питон на Војо, па дури и го бакна.

(ВИДЕО+ФОТО) АГНЕСА ОРГАНЏИЕВА ПОДГОТВИ НЕЗАБОРАВЕН РОДЕНДЕН ЗА СВОЈАТА ЌЕРКА ТИФАНИ: Змии, гуштери, балони, неодолива торта и подароци

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....